Манастир „Св. Климент и Наум Охридски“ - Хамзали
Свети Климент и Наум Охридски | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Струмичка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Место | Хамзали |
| Општина | Босилово |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Климент Охридски и Свети Наум Охридски Чудотворец |
| Изградба | 2000 |
| Завршено | 2003 |
| Архитектонски опис | |
Манастирот Свети Климент и Наум Охридски — православен манастир кој се наоѓа во Хамзали, Општина Босилово, во подножјето на планината Огражден, на далечина од Струмица 17 км. Почеток на неговото подигање е изградбата на манастирската црква во 2000 година. Посветена е на најчествуваните духовни светила на македонските простори, Светите Климент и Наум Охридски.
На растојание на околу 500 m од оваа камена црква во византиски стил чиј иконостас ја следи традицијата на ранохристијанските базилики, во 2003 година бил подигнат монашкиот конак со внатрешен параклис посветен на големиот учител и покров на монасите исихасти, Григориј Палама.
Овде во 2004 година во неделата на Св. Григориј Палама започнало изградбата на новата монашка заедница, денес петчлено братство чиј старешина е свештеномонахот Георгиј. Во непосредна близина на конакот има манастирско трло во кое братството одгледува стадо од педесетина овци и кози. Монасите во Хамзали се занимаваат и со земјоделство, со изработка на икони и монашки ракоделија.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед кон црквата
- Поглед кон црквата
- Поглед кон црквата
- Поглед кон црквата
- Поглед кон црквата
- Поглед кон црквата
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Манастир „Св. Климент и Наум Охридски“ - Хамзали“ на Ризницата ? |
| Оваа статија црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- Цркви на Македонската православна црква
- Цркви во Струмичката епархија
- Цркви во Општина Босилово
- Хамзали
- Никулци за цркви во Македонија
- Храмови посветени на Свети Климент Охридски во Македонија
- Храмови посветени на Свети Наум Охридски во Македонија
- Македонската архитектура во 2003 година
- Манастири во Струмичката епархија


