Црква „Св. Илија“ - Карабуниште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Илија

Новата црква на манастирот

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Велешко
Местоположба
Место Карабуњиште
Општина Велес
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Илија
Изградба 1965 (старата црква), 1982 (новата црква)
Архитектонски опис

Манастирот Свети Илија — манастирски комплекс составен од 3 цркви кој се наоѓа во близината на велешкото село Карабуњиште, од десната страна на реката Вардар во Таорската Клисура. Сместен е во долот на потокот кој извира и протекува низ Карабуниште и е опкружен со листопадна дабова и јаворова шума. Во него нема монашки живот, но има машки и женски конаци за преспивање и останати помошни простории и трпезарии во кои престојуваат посетителите за поголемите празници. Во рамките на манастирот постојат 3 цркви, од кои две се посветени на пророкот Свети Илија, а една на Пресвета Богородица. Манастирот бил изграден во 1965 година. Манастирската црква нема фрескоживопис, а е осветена од тогашниот Митрополит Повардарски г. Гаврил[1]. На патрониот празник, Илинден, се одржува голем собор кој е посетен покрај од луѓето со потекло од Карабуњиште и од верници од Велес, Скопје и околните села. Манастирот е оддалечен 10 минути пеш од железничкото стојалиште „Пчиња“ и 20 минути пеш од селото Карабуњиште. На средината во дворот постои чешма со студена вода.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]