Манастир Озрен

Од Википедија — слободната енциклопедија

Манастирот Озрен се наоѓа во населбата Калуѓерица, во шума на 7 километри јужно од селото Петрово, Република Српска, БиХ, во планинскиот крај (под Озрен планина) низ која протекува реката Спреча. Манастирот е посветен на Свети Никола, а името го добил по истоимената планина. Од март 2003 година манастирот е прогласен за национален споменик на Босна и Херцеговина.

Историја[уреди | уреди извор]

Манастирот Озрен се наоѓа во североисточна Босна и потекнува од далечното минато. Прво пишано споменување на манастирот Озрен е натпис врежан над вратата, каде што се споменува 1587 година, кога храмот го посетил отецот Јаков. Во народот владее верување дека манастирот Озрен е оставнина на прочуената лоза на Немањиќи, а тоа се потврдува и низ народното творештво.

Постарите историчари сметаат дека манастирот Озрен е оставнина на кралот Драгутин, што донекаде и има историски факти, бидејќи Драгутин навистина во периодот 12841316 година управувал со територијата на која се наоѓа манастирот.