Кале (Зрзе)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Манастир Зрзе (Зрзе))
Ова е статија за археолошко наоѓалиште. За истоимениот манастир погледнете Зрзески манастир
Кале

План на наоѓалиштето

Карта

Местоположба 41°31′22″N 21°20′32″E / 41.52278° СГШ; 21.34222° ИГД / 41.52278; 21.34222Координати: 41°31′22″N 21°20′32″E / 41.52278° СГШ; 21.34222° ИГД / 41.52278; 21.34222
Основни податоци
Место Зрзе
Општина Долнени
Тип

 базилика  збег


Период старохристијанско време
доцноантичко време
доцен среден век
Портал „Археологија“

Кале или Манастир Зрзеархеолошко наоѓалиште во месноста Свети Спас, на 1,2 км северозападно од прилепското село Зрзе. Претставува базилика од старохристијанско време. Се наоѓа на околу 150 м североисточно од Зрзевскиот манастир, каде се наоѓаат остатоци од базилика од која се гледа дел од апсидата.[1]

Положба[уреди | уреди извор]

Наоѓалиштето Кале е сместено на мала тераса на планинските падини, на 220-250 м височина над работ на полето (1.020 м.н.в.). Источниот и југоисточниот раб претставуваат вертикални карпи додека на запад терасата продолжува во повисок терен, одвоена со плитко, широко седло. Среде терасата избива силен извор вода, поради кој луѓето во минатото живееле на ова место.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Доцноантичко време[уреди | уреди извор]

Во доцноантичко време околу терасата било подигнато обѕидие од камен со малтер. Правоаголниот простор, со големина 150 × 120 м (1,5 ха) им служел на околните сточари како збег, а потоа и како постојано живеалиште — укрепено село. На источниот дел била изградена ранохристијанска црква, чии распарчени мермерни украси лежат и денес наоколу (VI век). Повеќето монети најдени на тој простор потекнуваат од доцниот IV, V и VI век.[2]

Средновековие[уреди | уреди извор]

Во доцното средновековие терасата била повторно населена. Врз урнатините на старата базилика, во средината на XIV век била изградена нова црква („Св. Преображение“ или „Св. Спас“). Околу црквата биле подигнати придружни манастирски згради: конаци, амбари и други стопански простории. Старото обѕидие било обновено. Северниот ѕид, граден со малтер, сочуван е наместа и денес во височина до 3 м. Заградениот простор кој зафаќа 1,5 ха, им служел главно на манастирските потреби: за сместување на слугите, манастирските луѓе со семејствата и со добитокот, меѓутоа служел и како збег. Според Иван Микулчиќ, името Свети Спас сведочи за таквата улога. Било често напаѓано во доцниот XIV век кога турските одреди оделе низ овие краишта, пустошејќи пред себе.[2]

По смртта на Крали Марко во 1395 г. Турците завладеале и во овие краишта. На манастирот му биле одземени имотите и привилегиите и тој почнал да запустува. Од бројните записи и натписи сочувани во црквата „Св. Спас“ се гледа дека сепак успеал да го преживее целиот турски период, до денес.

Истражувања од 2009 г.[уреди | уреди извор]

Во големите археолошки истражувања во 2009 г. била разоткриена базиликата од V век и бил пронајден гроб на анонимен маченик од IV век. Во базиликата биле откриени камени пластики, натпис што датира од 487 или 512 г., кој се дешифрира. Има и гробници со повеќе гробови од V до VI век и од IX до XV век, во кои се пронајдени повеќе движни наоди со делови од облека. А додека во истражувањата во долниот дел на комплексот дале откритија на десетина нови испосници и уште една монашка црква, која според наодите датирала од IX до XV век.

Вкупно во истражувањата биле откриени педесетина монашки ќелии на седум нивоа, црква со значаен натпис и други движни наоди, важни од археолошки, историски и културен аспект.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 300-301. ISBN 9989-649-28-6.
  2. 2,0 2,1 2,2 Микулчиќ, Иван (1996). Средновековни градови и тврдини во Македонија. Скопје: МАНУ. стр. 259-291. ISBN 9989-756-06-6.