Манастирски комплекс (Ангелци)
Манастирски комплекс | |
---|---|
Манастирски комплекс | |
Поглед кон манастирите | |
Место | Чаушев Камен во близина на Ангелци Општина Василево |
Земја | Македонија |
Вероисповед | христијанство |
Историја | |
Основач(и) | Бранко Иванов |
Осветена | 1991 |
Архитектура | |
Статус | непризнаена[1] |
Завршена | во изградба[2] |
Физички особености | |
Материјали | тула малтер |
Манастирскиот комплекс — комплекс од мали манастирски цркви кои се наоѓаат во близина на селото Ангелци, во Општина Василево.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Комплексот се наоѓа на 4 километри северно од селото Ангелци, по патот кој води кон селата Едрениково и Седларци. Месноста каде се наоѓаат манастирите е позната како Чаушев Камен или Кајнаци.
Комплекс
[уреди | уреди извор]Манастирите се наоѓаат во полупречник од 50 метри, наредени еден до друг. Манастирите се девет на број, и тоа: манастир „Св. Петка“, „Св. Троица“, „Св. Пантелејмон“, „Св. Недела“, „Св. Јован Крстител“, „Св. Ѓорги“, „Св. Леонтиј“, „Св. Димитар“ и манастир посветен на „Три светители“. Во комплексот се наоѓаат и три бунари, чија вода била света и лекувала девет болести, како и една камбанарија[3].
Историја
[уреди | уреди извор]Историјата на манастирскиот комплекс започнува кон 1991 година, кога на еден месен жител, кој неколку години боледувал, започнал да сонува како некои непознати луѓе од него бараат соба со покрив. По некое време неговата сестра сонила дека мора да изгради манастир за да не го изгуби најмилото[4].
Така, во 1991 година човекот започнал да гради најпрвин бунар, а потоа бил изграден и првиот манастир посветен на Света Петка. По ова следувало и изградбата на манастирите „Св. Недела“, „Св.Троица“ и „Покровитна Богородица“, „Св. Јован Крстител“. По некое време на еден друг жител на селото Ангелци, исто така сонил дека треба да изгради манастир кај Чаушев Камен, по кое бил изграден и манастирот посветен на „Св. Пантелејмон“.
Според еден друг жител на селото, манастирите ги предвидела и Баба Ванѓа, кој ја посетил во текот на 1980-тите години, и која го прашала за манастирите. Откако тој и кажал дека не постојат такви манастири во неговото село, таа му кажала дека во идниот период истите ќе бидат изградени.
Статус
[уреди | уреди извор]Иако овие манастири се посетени од страна на многу верници но Струмичката епархија истите не ги признава, бидејќи се градени поради сон, спротивно на православните канони.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Манастир „Св. Петка“
-
Манастир „Св. Троица“
-
Манастир „Св. Пантелејмон“
-
Манастир „Св. Недела“
-
Манастир „Св. Јован“
-
Манастир „Св. Ѓорѓи“
-
Манастир „Св. Леонтиј“
-
Манастир „Св. Димитриј“
-
Манастир „Св. Три светители“
-
Бунар „Св. Петка“
-
Бунар
-
Камбанарија
-
Поглед кон комплексот
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ МПЦ не ги признава бидејќи се градени поради сон, спротивно на православните канони
- ↑ Дел од манастирите сè уште се во фаза на изградба
- ↑ Сонуваат светци, и градат манастири
- ↑ Манастири од чудни соништа никнуваат кај Ангелци[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Манастирски комплекс (Ангелци)“ на Ризницата ? |