Мало Преспанско Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 14:58, 4 јануари 2008; направена од Zdravko (разговор | придонеси) (промена на интервики)
Мало Преспанско езеро
Λίμνη Μικρή Πρέσπα
Податоци
Надм. висина: 855 м
Површина: 43 кв.км
Максимална должина: 15 300 м
Максимална ширина: 6 500 м
Максимална длабочина: 8 м

Мало Преспанско езеро (на грчки : Λίμνη Μικρή Πρέσπα, Лимни Микри Преспа, на албански: Liqen i Prespës së vogël), е езеро во Егејска Македонија, Република Грција и Република Албанија.

Езерото се наоѓа на територијата на околија Лерин, Општина Преспа.

Географија

Малото Преспанско езеро се наоѓа во Преспанската котлина, на југ од Големото Преспанско езеро. Поделено е меѓу Грција (43,5 км²) и Албанија (3,9 км²). Водниот слив на езерото изнесува 189 км² - 138 км² од нив во Грција и 51 км² во Албанија. Езерото е дел од Природен парк Преспа, создаден од владите на Република Македонија, Република Грција и Република Албанија.

Хидролошки податоци

Водата езерото ја добива од неколкуте реки кои се влеваат во езерото. Најголема од нив е Стара река (Палиорема или Агиос Германос), но во 1936 година таа е одбиена во правец на Големото Преспанско езеро, кадешто се влева и денес. Неколку години по тоа е ископан и канал,кој ги поврзува обете преспански езера. Изградена е врата, со која да се регулира нивото на водата.[1]1953 година при исушувањето на езерото Малик кај Корча, Албанија, реката Девол е поврзана со канал со езерото. Како резултат денес јужниот дел на езерото е во голема мера загаден со ерозивен материјал, обраснат со трска и личи на блато. Зимно време езерото замрзнува. Повисоко е со 3 метри од Големото Преспанско езеро, но нивото на водата се менува. На тоа укажува античката населба Лика на островот Свети Ахил, која денес е речиси целата потопена под водата.

Геологија на Малото Преспанското езеро

Заедното езеро настанало пред 70 милиони години, илјади години потоа се поделило на две од наносите,што ги донела Стара река (Агиос Германос).Нешто потоа се создал и каналот, преку кој водата истекувала од малото во големото езеро. Во Малото Преспанско езеро има два острова: Свети Ахил и Видрониси.

Флора и Фауна

Со Големото Преспанско езеро сочинуваат заеден екосистем.Растителниот свет е доста богат,како во самото езеро така и во околните блата.Езерото е живеалиште на Видрата (Lutra lutra).Среќаваат се два вида желки, 9 видови гуштери и 10 видови змии.Не е многу богато со риби. Најзастапена е нивичката или белвица, потоа крапот, црвеноперката, скобустот, мренката, кленот и др.Богато е и на зоопланктон[2].

Едно од најважните места за гнездење на Розов (Обичен) пеликан Pelecanus onocrotalus и Белоглав (Кадроглав) пеликан Pelecanus crispus . Во 1984 нивните популации (во обете езера) изнесувале соодветно 116 и 165 двојки, број што останал стабилен и во наредните 10 години. По повеќе години заштита денес Кадроглавиот пеликан брои околу 1000 двојки, што е најголемата негова популација во светот. Бројот на чапјите покажувал промени, така што на некои се смалил.Од 30 години тука не гнезди Црн (Блескав) ибис Plegadis falcinellus.За среќа во 2005 година е забележана двојка како се подготвувала за гнездење. Сега вкупно гнездат 161 видови птици.

Гнездат уште :

Зимно време долетуваат илјади патки. [3]

Туризам

На островот Свети Ахил (Agios Achilleios) се наоѓаат остатоците од средновековниот град Преспа, подигнат од цар Самоил во 10 век. Во руините на базиликата Свети Ахил (Agios Achilleios) во 1969 година е пронајден неговиот гроб.

Надворешни врски