Прејди на содржината

Малоантилска игуана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Малоантилска игуана
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Влекачи
Ред: Лушпари
Семејство: Игуани
Род: Игуана
Вид: Малоантилска игуана
Научен назив
Iguana delicatissima
Laurenti, 1768

Малоантилската игуана (Iguana delicatissima) е еден од двата вида на родот игуана. Ендемски е на Малите Антили и е во големо опаѓање поради уништувањето на животната средина, грабливците, ловот и мешањето со неговиот сестрински вид на зелена игуана.

Малоантилската игуана е распространета низ шумите, прашумите и крајбрежната вегетација на островите Ангвила, Свети Мартин, Антига, Гваделуп, Доминика и Мартиник. Таа е и одличен пливач и бега и нурнува во вода во случај на опасност. Забележан е случај кога останала под вода 28 минути.[1]

Најочигледната разлика со зелената игуана е недостатокот на кружната плочка на образот под ушниот канал. Бојата се движи од сива до зелена.

Игуаните се претежно хербиворни, се хранат со лисја, цветови, овошје и млади ластарки од над сто разни видови растенија.[2] Ова им претставува проблем за осморегулацијата бидејќи растителната материја содржи повеќе калиум, а помалку хранливи состојки во единица материја; затоа игуаните имаат развиено странична носна жлезда преку која се излачува вишокот на соли на калиум и натриум.[3]

Бидејќи е ранлив вид, малоантилската игуана е ставена на црвената список на Меѓународниот сојуз за заштита на природата. Таа е заштитена од лов со закон, но спроведувањето на оваа заштита е многу тешко поради недостапноста на терените кајшто живее. Покрај ловот, малоантилската игуана исчезнува и поради мешањето со зелените игуани, а и поради уништувањето на животниот простор за земјоделски потреби од страна на луѓето. Други закани се кучињата, мачките и мунгосите. [4]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Moberly, W.R. Comp. Biochem. Physiol. 27:21-32, 1968.
  2. Lazell, J.D. (1973), „The lizard genus Iguana in the Lesser Antilles“, Bulletin of the Museum of Comparative Zoology, New York, 145, стр. 1–28
  3. Hazard, Lisa C. (2004), „Sodium and Pottassium Secretion by Iguana Salt Glands“, Iguanas: Biology and Conservation, University of California Press, стр. 84–85, ISBN 9780520238541
  4. Day, Mark; Breuil, Michel; Reichling, Steve (2001), „Taxonomic Account Lesser Antillean iguana Iguana delicatissima“, IUCN Iguana Specialist Group, Архивирано од изворникот на 2007-10-14, Посетено на 31 октомври 2007