Мали суштества

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Мали суштества - (англиски: Little Creatures) - албум на американската рок-група „Токинг хедс“ (Talking Heads) од 1985 година.

Технички информации[уреди | уреди извор]

Албумот е објавен од страна на дискографската куќа „Токинг хедс турс“ (Talking Heads Tours Inc.), по ексклузивна лиценца на „ЕМИ рекордс“ (EMI Records Ltd.) во 1985 година. Како продуценти на албумот се јавуваат самите члeнови на групата, додека снимател и миксер бил Ерик Е. Т. Торнгрен (Eric E. T. Thorngren). Албумот е снимен во студиото „Сигма саунд“ (Sigma Sound) во Њујорк, Мелани Вест (Melanie West) работела како втор инженер, а завршната обработка ја направил Џек Скинер (Jack Skinner) во њујоршкото студио „Стерлинг саунд“ (Sterling Sound). На обвивката на албумот се наоѓа слика на Хауард Финстер (Howard Finster), додека дизајнот на албумот е дело на фирмата „М & други“ (M & Co.) од Њујорк.[1]

Како автор на речиси сите песни на албумот се јавува Дејвид Брн (David Birn), освен на песните: „Perfect World“ чиј текст е дело на Брн и Крис Франц (Chris Frantz), како и „The Lady Don’t Mind“ и „Give Back My Name“, чии текстови биле напишани од Брн, додека музиката ја компонирале сите членови на групата. Инаку, сите песни на албумот се изведени од „Токинг хедс“, во состав: Дејвид Брн, кој свири на гитара и пее; Крис Франц кој тропа на тапани; Џери Харисон (Jerry Harrison), кој свири на клавијатури и гитара и ги пее придружните вокали; и Тина Вејмаут (Tina Weymouth) која свири на бас-гитара и ги пее придружните вокали. Во продолжение, на албумот гостуваат и поголем број придружни музичари, како: Андрју „Ел панталонес“ Кејдер (Andrew „El Pantalones“ Cader), кој свири на; хармоникашот Џими Мекдонел (Jimmy Macdonell); саксофонистот Лени Пикет (Lenny Pickett); перкусионистот Нана Васконселос (Nana Vasconcelos); и Ерик Вајсберг (Eric Weissberg), кој свири на „челична“-гитара (steel guitar). Најпосле, како придружни пејачи се јавуваат: Елен Бернфелд (Ellen Bernfeld), Ерин Дикенс (Erin Dickens), Дива Греј (Diva Gray), Гордон Гроди (Gordon Grody), Лани Гровс (Lani Groves) и Курт Јахиџијан (Kurt Yahijian).[2]

Содржина[уреди | уреди извор]

На албумот се наоѓаат десет песни:[3]
Страна 1:

  • And She Was
  • Give Me Back My Name
  • Creatures of Love
  • The Lady Don’t Mind
  • Perfect World


Страна 2:

  • Stay Up Late
  • Walk It Down
  • Television Man
  • Road to Nowhere
  • The Lady Don’t Mind (Extended Mix)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Talking Heads, Little Creatures, Cai 9144, Jugoton.
  2. Talking Heads, Little Creatures, Cai 9144, Jugoton.
  3. Talking Heads, Little Creatures, Cai 9144, Jugoton.