Малите Фокерови (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Малите Фокерови (англиски: Little Fockers) е американски филм од 2010 година, во режија на Пол Вајц. Главните улоги ги толкуваат: Бен Стилер, Овен Вилсон, Роберт де Ниро, Дастин Хофман, Барбара Стрејсенд и Џесика Алба. Оваа комедија претставува продолжение на комерцијално успешниот филм "Запознај ги родителите".[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Во филмот се опишуваат комичните случувања во семејството Фокерови. Сега, главата на семејството, Џек Барнс (го игра де Ниро), сака да го назначи својот наследник и притоа се појавуваат повеќе можни кандидати, меѓу кои и зетот Грег (го игра Стилер), кој работи како медицински брат.[2] [3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антена, број 825, 17.4.2014, стр. 18.
  2. Антена, број 825, 17.4.2014, стр. 18.
  3. Антена, број 862, 2.1.2015, стр. 16.