Малешевски Планини

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Малешевски планини)
Прејди на: содржини, барај

Малешевските планини се средновисоки планини во источниот дел на Република Македонија и југозападниот дел на Република Бугарија. Припаѓаат на грaмадните планини од Родопската маса. Се протегаат лачно во правец јз–си. Должината на главното било изнесува 32 км, а површина на планината е 315 км2. Билата се заоблени, а највисоки врвови се Џами Тепе (1.801 м) и Ченгино Кале (1.748 м), најисточната точка на Република Македонија. Брегалница и Ратевска Река длабоко се всечени во старите палезоитски карпи - некаде речиси кањонски. Билата се голи, а планинските страни се покриени со букова и дабова шума.[1]

Геолошкиот состав е претставен со кристалести шкрилци, а во пониските делови спрема Беровската Котлина се покриени со неогени седименти. Преку билото на планината минува делумно македонско-бугарската граница. На највисоките делови се наоѓа изворскиот дел на реката Брегалница.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 6, стр. 35