Малечката Фадета

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Малечката Фадета  
9ee0a572a91c1edb3517cb9e280662d3.jpeg
корица на романот
Автор Жорж Санд
Наслов на
оригиналот
La Petite Fadette
Земја Франција
Јазик Француски
Жанр(ови) роман
Издадена 1849 год.
Медиум Печатена (меки корици)

Малечката Фадета (на француски: La Petite Fadette) е роман од 1849 година, од француската писателка Жорж Санд. Санд ја напишала книгата во текот на 1840-тите, но првото издание на некој странски јазик било дури во 1900 год. Во 2004 год. оваа приказна е екранизирана во форма на детска ТВ серија.

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

Приказна за браќата близнаци Силвине и Ландри кои од самото раѓање се поврзани еден со друг. Иако ги советувале да ги разделуваат почесто, тие биле по цело време заедно. Кога наполниле четиринаесе години, Ландри заминува да работи во соседството, кај пријателот на својот татко Кајо, а Силвине постојано тагува и се разболува. Незадоволен од ладниот однос на својот брат тој бега од својот дом кон блиската река.

Во меѓувреме Ландри го бара својот брат тој не можел да помине една река и наидол на Фадета(Фадета била грда и се облекувала како машко), таа била внука на Фаде која ја сметале за вештерка бидејки правела чyдни лекови. Мајката на Фадета ја напуштила неа и нејзиниот брат и сега за нив се грижела нивната баба, која ги измачувала и ѓи присилувала да работат. Таа му помага а за возврат тој и ветува дека ке игра со неа на селскиот бал. Ландри го исполнува своето ветување и танцува цело време со неа, иако Мадлон, едно од по убавите девојчиња, бара да танцува со него тој ја одбива и продолжува да танцува со Фадета. За враме на балот Фадета ја напаѓаат други момчиња, а Ландри ја брани Фадета, Фадета решава да си оди од балот и му дозволува на Ландри да танцува и со друѓи девојчиња.Но тој решава да ја следи и ја гледа како плаче. Во Ландри се јавува љубов кон Фадета и тој пробува да ја бакне во еден момент но Фадета не му дозволува. Таа му кажува дека следниот ден ке се каел ако ја бакнел. Ландри следниот ден се запрашyва што сакал да направи. По некое време тој ги наслушува Фадета и Мадлон како зборуваат и реализира дека Фадета е добро и многу паметно девојче а Мадлон е девојче со лош и љубоморен карактер. Тој повторно се вљубува во Фадета, а овојпат и Фадета во него. За ова дознава неговиот брат Силвине но не кажува никому. За нивната врска дознаваат сите од Мадлон. Родителите на Ландри се портив нивната врска бидејки Фадета е од сиромашно семејство. По ова Фадета решава да си замине од селото.

Фадета заминува од селото, а по неколку месеци се враќа бидејќи баба ѝ умрела. Баба ѝ ѝ остава големо наследство и родителите му дозволуваат на Ландри да се венча со неа. За сето тоа време Силвине страда, но конечно ќе се помири откако Фадета ќе го крене на нозе и тој заминува во војска.

Ликови[уреди | уреди извор]

  • Ландри Барбо - посилниот од двајцата близнаци
  • Силвине Барбо - послабото и љубоморно братче
  • Кајо Барбо - татко на близнаците
  • Франсоа Фадета - грдото девојче од селото, подоцна голема љубов на Ландри
  • Жане - помалиот брат на Фадета
  • Фаде - бабата на Фадета и Жане
  • Мадлон - едно од поубавите девојчиња во селото

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]