Прејди на содржината

Мала Одеса (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мала Одеса (англиски: Little Odessa) - американски филм од 1994 година, во режија на Џејмс Греј, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Тим Рот, Едвард Фарлонг, Максимилијан Шел, Ванеса Редгрејв, Наталија Андрејченко, Д. Вадим итн. Директор на фотографијата е Т. Ричмонд, а музиката е дело на Дејна Сано. Филмот претставува режисерско и сценаристичко деби на Џејмс Греј, кој го создал филмот на возраст од 25 години. Во 1994 година, филмот ја добил наградата „Сребрен лав“ на филмскиот фестивал во Венеција.[1]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Платениот убиец, Џошуа Шапиро (го игра Рот) добива задача во њујоршкиот кварт во Бруклин, наречен „Мала Одеса“, каде што тој го поминал детството и каде што живее неговото семејство. Џошуа не ги видел таткото Аркадиј (го игра Шел), мајката Ирина (ја игра Редгрејв) и братот Рубен (го игра Фарлонг). Притоа, мајка му боледува од тумор на мозокот, а татко му е во љубовна врска со младата Наташа (ја игра Андрејченко). Кога ќе пристигне во стариот крај, Џошуа го среќава стариот другар Саша (го игра Вадим), кој веста за неговото враќање ја проследува до поранешната девојка на Џошуа.[2]

  1. „www.hrt.hr (пристапено на 15.2.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-08-06. Посетено на 2017-09-11.
  2. „www.hrt.hr (пристапено на 15.2.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-08-06. Посетено на 2017-09-11.