Мала Мисури (Северна Дакота)

Реката Мала Мисури е притока на реката Мисури, долга е 900 км, и тече низ северните Големи Рамнини на Соединетите Американски Држави.[1] Извира во североисточен Вајоминг, во западниот дел на округот Крук, околу 24 км западно од Ѓаволската Кула, тече кон североисток, низ еден агол од југоисточна Монтана и во Јужна Дакота. Во Јужна Дакота, тече кон север низ Бедлендс во Северна Дакота, преминувајќи ги националните пасишта, и сите три единици на Националниот парк Теодор Рузвелт. Во северната единица на паркот, свртува кон исток, и се влева во Мисури во округот Дан кај езерото Сакакавеа, каде што формира 48 км долг крак наречен Мал Мисуриски Залив и се спојува со главниот канал на Мисури околу 40 км североисточно од Килдир.
Високо сезонското истекување од неплодните земјишта и другите бездрвни предели долж Мала Мисури низводно носи големи количества на еродиран седимент.[2] Седиментните слоеви, кои се протегаат од изворите во Вајоминг, па сè до устието во Северна Дакота, варираат по старост, но поголемиот дел од коритата долж реката припаѓаат на формациите Булион Крик и Сентинел Бјут, обете наталожени за време на палеоценот (од пред околу 66 до 56 милиони години).[3] Наслагите вклучуваат силт, глинест камен, песочник и лигнит јаглен, кој се наоѓа во крајбрежната рамнина од време на Ларамидската орогенеза.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Personius, Robert Giles; Eddy, Samuel (February 18, 1955). „Fishes of the Little Missouri River“. Copeia. American Society of Ichthyologists and Herpetologists. 1955 (1): 41. doi:10.2307/1439450. JSTOR 1439450.
- ↑ „Little Missouri River Description“. United States Geological Survey. December 31, 2007. Архивирано од изворникот на 2011-07-23. Посетено на April 27, 2011.
- 1 2 Bluemle, John P. „North Dakota Notes #12: North Dakota's Badlands“. North Dakota Geological Survey. Архивирано од изворникот на July 21, 2011. Посетено на April 27, 2011.