Малата сирена (статуа)
Изглед
Малата сирена (дански: Den lille havfrue) — бронзена скулптура на сирена која се наоѓа во Копенхаген. Создадена од данскиот скулптор Едвард Ериксен, таа стои на шеталиштето Лангелини на брегот во пристаништето во Копенхаген, кое се отвора кон Балтичкото Море и е во близина на палатата Амалиенборг, сместена на карпи што штрчат во водата. Сега е најзначајниот симбол на градот. Статуата е висока 1,25 метри, а тешка 175 килограми.[1]
Врз основа на истоимената бајка од 1837 година од данскиот автор Ханс Кристијан Андерсен, статуата е икона на Копенхаген и е главна туристичка атракција од нејзиното откривање во 1913 година. Во последните децении, таа станала цел на вандали и политички активисти.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Little Mermaid Copenhagen Архивирано на 10 мај 2015 г. - denmark.net. Retrieved January 29, 2012.