Маладаптивно мечтаење

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Маладаптивно мечтаење е нарушена форма на дисоцијативна апсорпција поврзана со живописно и прекумерно фантазирање што често вклучува елаборирани и фантастични сценарија. Тоа може да резултира со вознемиреност, може да ја замени човечката интеракција и може да попречи во нормалното функционирање како општествениот живот и работата.[1][2] Луѓето што ја имаат оваа состојба можат да поминат повеќе од половина од нивните денови во создадените живописни алтернативни универзуми.[3]

Маладаптивното мечтаење обично се поврзува со стереотипни движења како шетањето или нишањето, но и потребата за музичка стимулација на фантазиите.[4] Еден од водечките истражувачи на маладаптивното мечтаење и човекот кој го измисли овој термин е професорот на Универзитетот Хаифа, Ели Сомер.[5][6]

Опсег на мечтаењето[уреди | уреди извор]

Многу искуства на луѓето варираат помеѓу нормалното и абнормалното. Екстремните форми на нормална тага е големо депресивно растројство, грижата може да се развие во анксиозност и социјалното пиење во алкохолизам. Мечтаењето, форма на нормална дисоцијација што се поврзува со апсорпција, е многу распространета ментална активност која ја доживуваат речиси сите.[7] Се смета дека опфаќа речиси половина од целокупната човечка мисла, со стотици мечтаења дневно.[8][9]

Но, некои индивидуи поседуваат способност да фантазираат толку живописно, што доживуваат чувство на присуство во замислената средина.[5] Ова искуство е многу пријатно за луѓето, па кај некои од нив се јавува потреба да го повторуваат мечтаењето до тој степен што тоа преминува во зависност.[10][11][12][13] Научната литература предлага дека дел од луѓето со маладаптивно мечтаење што можат да го поминат 60% од времето додека се будни во мечтаење времето на будење со мечтаење, може да се каже дека страдаат од однесување на зависност.[14]

Мрежна поддршка[уреди | уреди извор]

Постои сѐ поголем и поголем број на онлајн интернационални групи за маладаптивно мечтаење кои обезбедуваат информации и поддршка, каде индивидуи тврдат дека со години незнаејќи страдале од маладаптивно мечтаење.[15]

Грасрутс напорите од страна на луѓето со маладаптивно мечтаење да се подигне свеста за нивната состојба, се манифестираат во глобални спонтани напори да се преведе скалата за маладаптивно мечтаење, MDS-16.[16] MDS-16 досега е преведена на 29 јазици, од квалификувани лица што исто така ја имаат оваа состојба.[17]

Истражување за маладаптивно мечтаење[уреди | уреди извор]

Истражувањата покажуваат дека овој феномен е мерлив, дека е стабилен и уникатен и многу лесно може да се разликува од нормалното мечтаење.[18] Истражувањата со MDS-16 покажаа дека лицата кои имаат маладаптивно мечтаење пројавуваат висока застапеност на дефицит на внимание и опсесивно-компулсивни симптоми.[19]

Маладаптивното мечтаење моментално се проучува од конзорциум на научници од различни држави вклучувајќи ги САД, Полска, Швајцарија и Израел.[20][21][22]

По објавувањето на двете единствени студии за случаеви за третман на маладаптивно мечтаење, истражувањата сега е потребно да развијат практика базирана на докази за лечење на маладаптивното мечтаење.[23]

Види исто така[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Tsoulis-Reay, Alexa (12 October 2016). „What It’s Like When Your Daydreams Are Just As Real As Life“. The Cut. 
  2. Young, Emma (25 June 2018). „People with "Maladaptive daydreaming" spend an average of four hours a day lost in their imagination“. The British Psychological Society Research Digest. 
  3. When Daydreaming Becomes a Problem“, „Wall Street Journal“, 9 мај 2016 (посет. 22 ноември 2018 г).
  4. Somer, Eli; Soffer-Dudek, Nirit; Ross, Colin A.; Halpern, Naomi (June 2017). „Maladaptive daydreaming: Proposed diagnostic criteria and their assessment with a structured clinical interview“. Psychology of Consciousness: Theory, Research, and Practice 4 (2). стр. 176–189. 
  5. 5,0 5,1 Somer, Eli (Fall 2002). „Maladaptive Daydreaming: A Qualitative Inquiry“ (PDF). 
  6. When Daydreaming Replaces Real Life“, „The Atlantic“, 29 април 2015 (посет. 22 ноември 2018 г).
  7. Singer, J. L. (1966) Daydreaming. New York, NY: Random House
  8. Killingsworth, M., & Gilbert, D. T. (2010). „A wandering mind is an unhappy mind“. Science, 330(6006), 932. 
  9. Klinger, E. (2009). Daydreaming and fantasizing: Thought flow and motivation. In K. D. Markman, W. M. P. Klein, & J. A. Suhr (Eds.), Handbook of imagination and mental simulation (pp. 225-239). New York, NY: Psychology Press
  10. Somer, E. Somer, L. & Jopp, S.D (9 June 2016). „Parallel lives: A phenomenological study of the lived experience of maladaptive daydreaming“. Journal of Trauma & Dissociation. 
  11. Bigelsen, J., & Schupak, C. (December 2011). „Compulsive fantasy: Proposed evidence of an under-reported syndrome through a systematic study of 90 self-identified non-normative fantasizers“. Consciousness and Cognition. 
  12. Glausiusz, Josie (1 January 2014). „Living in an Imaginary World“. Scientific American. 
  13. Pietkiewicz, I.J., Nęcki, S., Bańbura, A, & Tomalski, R. (August 2018). „Maladaptive daydreaming as a new form of behavioral addiction“. Journal of Behavioral Addictions. 
  14. Kelly, Jon Kelly (5 October 2017). „The daydream that never stops“. bbc.co.uk. 
  15. Bershtling, O., & Somer, E. (27 August 2018). „The Micro-Politics of a New Mental Condition: Legitimization in Maladaptive Daydreamers' Discourse“. The Qualitative Report. 
  16. Handrich, Rita (15 June 2016). „The Maladaptive Daydreaming Scale (MDS)“. Keene Trial Consulting. 
  17. „The 16-item Maladaptive Daydreaming Scale (MDS-16)“. The International Consortium for Maladaptive Daydreaming Research (ICMDR). конс. 7 November 2018. 
  18. Pequenino, Karla (30 December 2016). „Maladaptive daydreaming: When fantasies become a nightmare“. CNN. 
  19. Reddy, Sumathi (16 May 2016). „When Daydreaming Becomes a Problem“. Wall Street Journal. 
  20. „Maladaptive Daydreaming Publications“. The International Consortium for Maladaptive Daydreaming Research (ICMDR). 
  21. Bigelsen, J., & Schupak, C. (December 2011). „Compulsive fantasy: Proposed evidence of an under-reported syndrome through a systematic study of 90 self-identified non-normative fantasizers“. Consciousness and Cognition. 
  22. Jayne Bigelse, Jonathan M.Lehrfeld, Daniela S.Jopp, Eli Somer (May 2016). „Maladaptive daydreaming: Evidence for an under-researched mental health disorder“. Consciousness and Cognition. 
  23. Cynthia Schupak, Jesse Rosenthal (March 2009). „Excessive daydreaming: A case history and discussion of mind wandering and high fantasy proneness“. Consciousness and Cognition.