Прејди на содржината

Малавита

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Малавита“, познат и како „Семејство“ (англиски: The Family) – филм на режисерот Лик Бесон (Luc Besson) од 2013 година, снимен по сценариото на Бесон и Мајкл Калео (Michael Caleo). Филмот е заснован на истоимениот роман на Тонино Бенаквиста (Tonino Benacquista). Монтажата е дело на Џилиен Реј (Julien Rey), а директор на фотографијата е Тјери Арбогаст (Thierry Arbogast). Главните улоги ги играат: Роберт де Ниро (Robert De Niro), Мишел Фајфер (Michelle Pfeiffer), Томи Ли Џонс (Tommy Lee Jones), Дијана Агрон (Dianna Agron) и Џон Д’Лео (John D'Leo).[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Поранешниот мафијашки шеф Џовани Манцони (го игра Де Ниро) заедно со сопругата, синот и ќерката, живее како заштитен сведок во Франција, откако ги поткажал другите мафијаши. Иако агентот на ФБИ (го игра Ли Џонс) се обидува да ги држи под контрола, членовите на семејството Манцони не може да се откаже од старите навики и од насилството како средство за решавање на секојдневните проблеми. Кога мафијата ќе го открие новито идентитет и местото на живеење на Манцони, семејството е принудено да се бори за да преживее...