Максим Гаспари
| Максим Гаспари | |
|---|---|
| Роден(а) | јануари 26, 1883 Селшчек, Војводство Крањска, Австроунгарија |
| Починал(а) | ноември 14, 1980 (возр. 97) Љубљана, СФРЈ |
| Националност | Словенечко |
| Образование | Акдемија за ликовни уметности |
| Познат(а) по | сликање |
| Значајни дела | Сликање и илустрација |
| Награди | Левстик награда 1949 Прешернова Награда 1953 за неговото сликарство |
Максим Гаспари (26 јануари 1883 – 14 ноември 1980 година) бил словенечки сликар најпознат по неговите слики и илустрации, како и многубројните разгледници со фолклорни мотиви и сцени од руралниот живот.
Гаспари е роден во Селшчек над Церкница во Внатрешна Крањска во 1883 година. Студирал цртање на Академијата за ликовни уметности во Виена, но не можел да се издржува финансиски, па се вратил во Камник, каде што живеел пред да оди во Виена. Потоа, некое време студирал во Минхен и се насели во Љубљана во 1913 година, каде што предавал уметност. Починал во Љубљана во 1980 година.
Гаспари денес е најпознат по своите разгледници со рурални мотиви и честитки, како и политички пораки. Збирка од неговите разгледници има Националната и универзитетска библиотека во Љубљана. Илустрирал и бројни книги и списанија. Тој ја добил наградата Левстик во 1949 година за неговите илустрации на Чури-Мури великан (Чудовиштето лебарка) на Корнеј Чуковски. Во 1953 година ја добил Прешереновата награда за неговите достигнувања во сликарството.
Од 1972 година е редовен член на Словенечката академија на науките и уметностите .