Максимилијан I (војвода од Баварија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Максимилијан I
Maximilian I. (Bayern).jpg
Војвода на Баварија
На престол 15 октомври 1597 – 25 февруари 1623
Претходник Вилхем V
На престол 23 февруари 1623 – 24 октомври 1648
Претходник Фридрих V
Наследник Карл I
Изборен кнез на Баварија
На престол 25 февруари 1623 – 27 септември 1651
Наследник Фердинанд Марија
Сопруга Елизабета Рената Лотарингска
Марија Ана Австриска
Деца
Фердинанд Марија
Максимилијан Филип Хиронимус
Династија Династија Вителсбах
Татко Вилхем
Мајка Рената Лотарингска
Роден(а) 17 април 1573(1573-04-17)
Минхен
Починал(а) 27 септември 1651(1651-09-27) (воз. 78 г.)
Инголштат
Почивалиште Црква „Св. Михаил“, Минхен
Вероисповед Римокатоличка црква

Максимилијан I (германски: Maximilian I, роден на 17 април 1573 во Минхен - починал на 27 септември 1651 во Инголштат) — владетел од баварската Династија Вителсбах, војвода на Баварија од 4 февруари 1598 година, по абдикацијата на неговиот татко[1], изборен кнез на Пфалц во периодот од 1623 до 1648 година и изборен кнез на Светото римско царство од 1623 година. Управувал во текот на Триесетгодишната војна.

Биографија[уреди | уреди извор]

Максимилијан бил син на војводата Вилхелм V (1548-1626) и Рената (1544-1602), ќерка на Франц I, војвода од Лорен. Тој бил запишан на језуитски колеџ и универзитет во Инголштат во 1587 година заедно со неговиот братучед, подоцнежниот цар Фердинанд II. На 4 февруари 1598 година застанал на местото на неговио татко, во време кога јавната каса била испразнета, поради кое започнал големи реформи во полицијата, судовите и армијата.

Во 1609 година Максимилијан I го добил правото да раководи со Католичката лига и го добил градот Донауверт од царот Рудолф II. Максимилијан и Јохан Церклас Тили за време на Триесетгодишната војна биле поразени во близина на Рајна. На 8 ноември 1620 година протестантите биле поразени во битката на Бела Планина кај Прага, во која учествале 25.000 баварци. Во знак за благодарност Максимилијан I во февруари 1623 година ја добил титулата изборен кнез. По отфрлањето на Фридрих V од царството, Максимилијан I го добил Горен Пфалц. Така Војводство Баварија станало изборно кнежество. Неговите територии биле потврдени со потпишувањето на договорот од 1648 година.

Во негово време била реконструирена и проширена Минхенската резиденција, која се претворила во најголема палата во рамките на царството.

Кон крајот на својот живот Максимилијан I се ангажирал најмногу со религијата. Починал на 27 септември 1651 година за време на аџилак во Инголштат.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Блед, Жан-Пол (2013). История на Мюнхен. София: Рива. стр. 51-52. ISBN 9789543204236. 
Максимилијан I (војвода од Баварија)
Роден(а): 17 април 1573 Починал(а): 27 септември 1651
Владејачки титули
Претходник
Вилхем V
Војвода подоцна Изборен кнез на Баварија
1597–1651
Наследник
Фердинанд Марија
Претходник
Фридрих V
Elector Palatine
1623–1648
Наследник
Карл I