Максимален брејк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Максимален брејк (од англ. maximum break) во снукер се остварува кога еден играч под нормални околности ќе направи брејк од 147 бода. Ова често е познато и како максимум, или 147. До оваа бројка од 147 бода се доаѓа со уфрлување на сите 15 црвени кугли во дупка, притоа комбинирајќи со 15 пати уфрлување на црната топка (по секоја уфрлена црвена се уфрла црната и така додека не остане ниту една црвена на масата) со што се стигнува до 120 бода, а потоа следи уфрлување на сите шест обоени кугли за уште 27 бода. Максималниот брејк е постигнат 105 пати во професионалната конкуренција. Рекордери се Рони О'Саливан со направени 12 и Стивен Хендри со направени 11 максимални брејка на официјанлни настапи, повеќе од било кои други професионални играчи досега. Последниот максимален брејк е на Рони О'Саливан постигнат во финалето на Отвореното првенство на Велс против Динг Џунхуи на 2 Март 2014.

Теоретски можно е да се случаи да се освојат и над 147 поени, но тоа се случува доколку противникот прави фаули или остава „слободни ситуации“, но доколку не се направи брејк од 147 бода и покрај повеќето бодови (од 147) тоа не се смета за максимален брејк. Вакво нешто (повеќе од 147 бода) се случило само еднаш на професионален турнир.

Поврзано[уреди | уреди извор]