Макото Шинкаи
| Макото Шинкаи | |
|---|---|
新海 誠 | |
Шинкаи на 73. берлински меѓународен кинофестивал во 2023 г. | |
| Роден(а) | Макото Ницу 9 февруари 1973 Коуми, Нагано, Јапонија |
| Образование | Универзитет Чуо |
| Занимање |
|
| Активен период | 1996— |
| Познат(а) по | Твоето име (2016) Дете на времето (2019) Сузуме (2022) |
| Сопружник | Чиеко Мисака |
| Деца | Чисе Ницу |
| Потпис | |
| Страница shinkaiworks.com | |
Макото Шинкаи (јапонски: 新海 誠) — јапонски режисер и аниматор, роден во префектурата Нагано во 1973 г. Неговото вистинско име е Макото Ницу (јап. 新津 誠). За филмовите на Шинкаи карактеристични се љубовните приказни со фантастични или бајковити елементи, како и колоритното и подробно прикажување на светот што ги опкружува ликовите. Неговиот филм Твоето име, објавен во 2016 г., одреден период било аниме со најголема заработка во светот на сите времиња.
Шинкаи студирал јапонска книжевност на универзитет. Уште во средно училиште сакал да создава манга, аниме и лесни романи. Неговото омилено аниме е Замок на небото. Шинкаи често го нарекувале „новиот Мијазаки“, иако самиот тој не се согласува со тоа споредување, изјавувајќи дека неговата работа е преценета. Исто така, истакнал дека сака да создава дела што имаат поразлични допирни точки со публиката од оние на Мијазаки. До почетокот на 2020-тите, споредбите со основачот на Studio Ghibli речиси престанале.
Филмографија
[уреди | уреди извор]Филмови
[уреди | уреди извор]| Македонски наслов | Англиски наслов | Година | Улога во филмот | |||
|---|---|---|---|---|---|---|
| Сценарист | Продуцент | Гласовен глумец | Друго | |||
| — | The Place Promised in Our Early Days | 2004 | да | да | да |
|
| Пет сантиметри во секунда | 5 Centimeters per Second | 2007 | да | да | да |
|
| — | Children Who Chase Lost Voices | 2011 | да | да | да |
|
| Градина на зборовите | The Garden of Words | 2013 | да | да |
| |
| Твоето име | Your Name | 2016 | да | да |
| |
| Дете на времето | Weathering With You | 2019 | да | да |
| |
| Сузуме | Suzume | 2022 | да | да |
| |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „55222 Makotoshinkai“. Архивирано од изворникот 2018-04-12. Посетено на 2019-09-19.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Макото Шинкаи“ на Ризницата ? |
- Makoto Shinkai's Website Архивирано на 10 февруари 2021 г. (на јапонски)
- Makoto Shinkai's Official Portal
- Макото Шинкаи на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Макото Шинкаи на Rotten Tomatoes
- Макото Шинкаи — Енциклопедија на Anime News Network (англиски)
- Entry in The Encyclopedia of Science Fiction