Макета на Ерусалим при крајот од периодот на Вториот храм

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Координати: 31°46′24″ N; 35°12′08″ E / 31.7732° СГШ; 35.2023° ИГД / 31.7732; 35.2023

Поглед кон макетата во Музејот Израел; на почетокот се гледа интерпретацијата на Вториот храм

Макета на Ерусалим при крајот од периодот на Вториот храм (хебрејски: דגם ירושלים בסוף ימי בית שני) — тридимензионална површина на која е претставен градот Ерусалим при крајот на периодот наречен по Вториот ерусалимски храм, пред 70 година од н.е. Макетата зафаќа површина од 2.000 m² и ги прикажува градбите во Ерусалим во размер од 1:50.

Таа е завршена во 1966 година и е дело на израелскиот археолог и историчар Михаел Ави-Јона, кој ја дизајнирал според описот на градот од страна на еврејско-римскиот историчар Јосиф Флавиј. Макетата првично била поставена во околината на хотелот Холиленд во Ерусалим, поради што е позната и како Холиленд Модел на Ерусалим[1], а во 2006 година е преместена во Музејот Израел[2].

Ави-Јона ја израбоил макетата по нарачка на Ханс Кроч, банкар и сопственик на хотелот Холиленд, кој истата ја посветил на неговиот син, припадник на Израелските одбранбени сили кој загинал во Арапско-израелскиот конфликт во 1948 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Wharton, Annabel Jane (15 August 2006). Selling Jerusalem: Relics, Replicas, Theme Parks. University of Chicago Press. стр. 220–. ISBN 978-0-226-89422-5. Посетено на 14 April 2013.
  2. „Rock of our existence“. Архивирано од изворникот на February 11, 2007. Посетено на 2009-08-16.CS1 maint: BOT: original-url status unknown (link)