Македонско дело

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дел од серијалот
ВМРО (Обединета)
Устав на ВМРО (Обединета)

Македонско дело“ бил весник, орган на ВМРО (Обединета) кој излегувал на 10 и 25 ден секој месец, во Берлин, Виена и Париз. Започнал со работа на 10 септември 1925 година, во состав на Димитар Влахов, Владимир Поп Томов и Павел Шатев.[1] Весникот успеал да издаде вкупно 179 броеви,[2] од кои последниот на 25 мај 1933 година. Низ своето постоење, весникот е еден од ретките весници во тоа време кои ја застапувале идејата за самостојна македонска нација.[3]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Добринов, Дечо. ВМРО (обединена), Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 55.
  2. Енциклопедия Пирински край, Том 1, Благоевград, 1995, стр. 539.
  3. Добринов, Дечо. ВМРО (обединена), Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 42.

Поврзано[уреди | уреди извор]