Македонско стоматолошко друштво
Лого на МСД. | |
Кратенка | МСД |
---|---|
Основана | 12.08.1945. |
Вид | стручна организација (невладина) |
Седиште | ул. „Водњанска“ 17 |
Место | 1000 Скопје, Р Македонија |
Членство | 660 стоматолози (во 2006) |
Претседател | д-р Соња Апостолска |
Мреж. место | http://www.msd.org.mk |
Македонското стоматолошко друштво (МСД) го организира, поттикнува, насочува и образова своето членство како и работата на здруженијата и се грижи за планско усовршување на членството преку:
- организирање на семинари, советувања, симпозиуми, конгреси, собири, стручни состаноци;
- се грижи за остварување на правата и обврските на МСД и неговите членови во согласност со Статутот на МСД.
Една од главните активности на Друштвото е организација на континуираниот професионален развој кој е осмислен и акредитиран процес важен за сите стоматолози бидејќи се обврзани да се релиценцираат секои 7 години.
Соработка со други установи и организации[уреди | уреди извор]
МСД, во интерес на своето членство, остварува соработка со:
- Министерство за здравство на Македонија,
- Стоматолошкиот факултет,
- Стоматолошката комора на РМ,
- МЛД- Македонско Лекарско друштво,
- Лекарската комора на РМ и МАНУ.
Остварува меѓународна соработка со:
- FDI (Federation Dentaire Internationale),
- ERO (European Regional Organization of the Federation dentaire internationale),
- ADA (American Dental Association),
- BASS (Balcan Association of Stomatological Societies),
- PFA (Pierre Fouchard Academz) и
- ADI (Academz Dentier International).
Историја на друштвото[уреди | уреди извор]
МСД е основано на 18 декември 1949, во состав на Македонското лекарско друштво како Секција на забоздравствените работници на НРМ. На 24.06.2004, Македонското стоматолошко друштво се издвоило во самостојна организација.
Организација[уреди | уреди извор]
Органи на Друштвото се:
- Собрание
- Управен одбор
- Надзорен одбор
- Образовен одбор
- Комисија за награди и признанија
- Етички комитет
Изборот на органите на друштвото се врши на Изборно собрание. Мандатот на избраните членовите и органите трае 4 години.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|