Македонски јазик (списание)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

„Македонски јазик“ е научно списание за македонскиот јазик, македонистиката и развојот на македонскиот јазик кое денес го издава Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија. Списанието излегува периодично, најчесто еднаш годишно што опфаќа теми за целата македонистика од тековната година со научни трудови од светки реномирани македонисти.

Развој[уреди | уреди извор]

Научното списание „Македонски јазик“, кое опстојува повеќе од половина век, започнало да излегува како месечен билтен на Катедрата за македонски јазик при Филозофскиот факултет во Скопје, во јануари 1950 година. Иницијативата потекнала од шефот на Катедрата професорот Блаже Конески. Првиот уреднички состав на билтенот бил составен од Блаже Конески, Крум Тошев, Божо Видоески и Радмила Угринова - Скаловска. Скромноста и самокритичноста на редакцијата се гледала не само во определбата како билтен, туку и во неговиот обем – еден и пол печатарски табак или 24-25 печатени страници, со прилично мал формат, што многу брзо се покажа недоволно во однос на интересот за соработка во него. Изданието имало за цел да ги објавува трудовите од областа на македонскиот јазик, кои најмногу третираа правописни, лексички и други прашања.


Уште во првите броеви во билтенот си најдоа место и сериозни научни трудови на Б. Конески и К. Тошев, како и на многу други личности кои професионално и по образованост беа поврзани со јазична проблематика и оставиле длабока трага во македонистиката од тоа време. Се третирале и прашања од дијалектологијата и дијалектолошки истражувања. Така „Македонски јазик“ како билтен на Катедрата за македонски јазик набргу станало списание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, низ кое најдобро може сè до денес да се следи развојот и растот на македонската наука за јазикот.

Тековна редакција[уреди | уреди извор]

Редакција:
Уредувачки одбор:

Наводи[уреди | уреди извор]

  • За почетоците на „Македонски јазик“, Радмила Угринова - Скаловска, Списание „Македонски јазик“, Скопје 2009.

Поврзано[уреди | уреди извор]