Македонски рок групи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Почетоците на македонскиот рок датираат од раните шеесетти, при што во тој период се формирани мали рок бендови кои со големи тешкотии успевале да се пробијат на тогашната македонска музичка сцена.

1960-ти[уреди | уреди извор]

Еден од бендовите кои успеале меѓу првите да се афирмираат е групата Бис Без кои биле под силно влијание на легендарните Битлси. Формирани се во 1964 како резултат на спојување на веќе постоечките бендови Бисери и Безимени.

1970-ти[уреди | уреди извор]

Во периодот на 1970-тите биле формирани групите Пу, Ден за Ден, Мадригали, Лева Патика, Триангл, Автограм и други. Повеќето од нив биле хард рок, прогресивен рок, фолк рок, џез рок и фанк рок. Кон крајот на 1970тите се популаризира панк рокот. Најважни преставници на овој правец се групите Бадминтонс и Сарацени, предводени од Владимир Петровски Картер. Подоцна тој ја формира групата Александар Македонски. Во развитокот на Новиот бран (New Wave) учествуваат Цилиндар, Токму така и Уста на уста. Во овој период се формирала и Леб и сол, една од најуспешните македонски рок групи, а меѓу најпознатите хард рок групи се Конкорд и Карамела.

1980-ти[уреди | уреди извор]

1980-тите се можеби најуспешниот период на македонската рок музика. Меѓу најпознатите бендови од овој период се Бастион, Хаос ин Лаос, Меморија, Анастасија, додека пак култните македонски бендови Мизар, Архангел и Падот на Византија оставиле веројатно најголем белег во македонската рок музика.

1990-ти[уреди | уреди извор]

Во 1990-тите се популаризира хеви метал правецот. Најзначаен преставник од овој правец е групата Санаториум. Во овој период се формираат и алтернативните бендови Suns, Last Expedition, Balkan Express, Паркети, D' Daltons, Рок агресори. Во втората половина на 1990-тите се појавуваат првите харкор панк бендови како Smut, Флукс, Sidewalk, No Name Nation, Siniac и други.

2000-ти[уреди | уреди извор]

Во 2000-тите, најуспешни групи се Суперхикс (Ска панк), Дени те чува (мелодик харкор), Верка (фолк метал), Културно Уметнички Работници (Гаражен панк), Вernаys рropaganda (Инди рок, пост панк), Новиот почеток (Хардкор панк), Mooger Fooger (Инди рок), Pumpers (Алтернативен рок) и други.

2010-ти[уреди | уреди извор]

Бендови кои ја бележат првата половина на 2010-тите се Визија (Алтернативен, експериментален рок), ХаXаXа (Панк рок), Foolish Green (Психоделичен рок), Mолокaи (Сурф рок), Ѕmoke Shakerѕ (инди рок), Сhromatic рoint (прогресивен метал), Сulture Develоpmеnt (пост хардкор), Темпера (Алтернативен рок) и други.


Музички рок фестивали[уреди | уреди извор]

Во Македонија постојат неколку рок музички фестивали, а меѓу најпознатите се „Таксират“ и „Скопје Гори“ каде што гостувале истакнати музички ѕвезди. Исто така постојат и помали фестивали за демо бендови меѓу кои и најстариот рок фестивал во Македонија - „Рок Фест“, а тука се и „Looser fest“, „Т'к - Так фест“ и други.