Македонски парламентарни избори (2016)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Македонски парламентарни избори (2016)
Македонија
2014 ←
11 декември 2016

123 мандати во Собранието
62 места за мнозинство
Регистрирани 1.784.416
Излезност
0%
  Gruevski.jpg Zaev.jpg Ali Ahmeti.jpg
Водач Никола Груевски Зоран Заев Али Ахмети
Партија ВМРО-ДПМНЕ СДСМ ДУИ
Водач од 2003 2013 2002
Последни избори 61 место 34 места 19 места
Тековни места / / /

  Menduh Tachi.jpg Ljubco Georgievski.jpgLjube-slika.jpgАнгелов.jpg
Водач Мендух Тачи Љупчо Георгиевски, Љубе Бошкоски и Стојанче Ангелов
Партија ДПА Коалиција ВМРО за Македонија
Водач од 2006
Последни избори 7 места -
Тековни места / /

Map of the municipalities of Macedonia (2013).svg


Теков. Премиер

Емил Димитриев
ВМРО-ДПМНЕ



Предвремените парламентарни избори во 2016 година — избори кои треба да се одржат на 11 декември 2016 година.[1]

Позадина

Политичката криза

На 31 јануари 2015 година премиерот Никола Груевски, на прес-конференција објавил дека добивал закани од лидерот на опозицијата Зоран Заев за објавување на нелегално добиен материјал од странска разузнавачка служба. Започнувајќи од 9 февруари 2015 година лидерот на опозицијата, Зоран Заев, преку проектот „Вистината за Македонија“ започнал со објавување на прислушкуваните разговори (т.н. „бомби“), за кои тој обвинил дека власта незаконски ги прислушкувала граѓаните.[2] На 5 мај започнале протести по објавувањето на „бомбата“ за убиството на Мартин Нешковски. На 12 мај оставки си поднеле Гордана Јанкуловска од функцијата министер за внатрешни работи, Миле Јанакиевски од функцијата министер за транспорт и врски и Сашо Мијалков од функцијата директор на УБК.

По Договорот од Пржино

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Пржински договор.

На 2 јуни 2015 во Пржино бил постигнат договор од страна на лидерите на четирите најголеми партии за разрешување на политичката криза. Договорот предвидел враќање на СДСМ во парламентот, нови министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика предложени од страна на СДСМ и одржување на предвремени парламентарни избори. На 15 септември Советот на јавни обвинители на предлог на Собранието ја избрал Катица Јанева за специјален јавен обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите. На 30 декември 2015 Зоран Заев ги предал материјалите од незаконското следење на комуникациите на Специјалното јавно обвинителство.

На 12 февруари 2016 СЈО отворило истражна постапка за својот прв случај, под кодно име „Титаник“, за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, поткуп при избори, уништување на изборни материјали и злоупотреба на средства за изборна кампања во 2012 година.

Граѓани протестираат против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на 56 политичари и функционери.

На 12 април 2016 претседателот на државата, Ѓорге Иванов, донел општ акт за прекинување на сите кривични постапки што се водат против политичари и функционери во Република Македонија, и од власта и од опозицијата, со кој помилувал вкупно 56 лица. По одржаните протести во наредните денови, на 27 мај претседателот ја повлекол одлуката за помилување за 22 најекспонирани политичари, а на 6 јуни и сите преостанати одлуки за помилување. На 14 јуни оставка си поднел вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.[3]

Разрешница на кризата

На 18 октомври 2016 претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, донел решение за распишување на предвремени парламентарни избори.[4] Изборната кампања започнала на 21 ноември.

Гласачи

Според избирачкиот список составот на гласачите е следниов:[5]

Гласачи: Број
за гласање во Република Македонија 1.531.368
кои согласно евиденцијата на надлежен орган се на привремена работа или престој во странство, а не поднеле пријава за гласање во Дипломатско-конзуларните претставништва или Конзуларни канцеларии, вклучувајќи ги и граѓаните за кои се смета дека се на привремена работа или престој во странство, а кои не поднеле пријава за гласање во ДКП или КК 230.122
кои за време на изборите се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор 2.015
кои согласно евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика се водат како внатрешно раселени лица 13
кои поднеле пријава за гласање во Дипломатско-конзуларните претставништва или Конзуларни канцеларии на Република Македонија во странство 20.573
членови и заменици членови на избирачки одбори кои ќе го спроведуваат гласањето во Дипломатско-конзуларните претставништва или Конзуларни канцеларии на Република Македонија во странство 325
Вкупно 1.784.416

Финансирање на кампањата

Политичка партија: ТВ Рекламна кампања Митинзи, средби со граѓани, транспорт Програма, пропагандни материјали Закуп на простории Печатени медиуми Надворешно рекламирање Онлајн Вкупно
ВМРО-ДПМНЕ 13.050.000 12.803.600 22.792.000 1.517.000 3.156.000 1.750.000 490.000 55.558.600
СДСМ 16.262.400 8.175.000 21.560.000 10.040.000 540.000 1.750.000 490.000 58.817.400
ДУИ 8.544.000 1.250.000 0 100.000 310.000 1.450.000 42.000 11.696.000
Беса 2.730.000 808.500 0 0 0 264.000 10.000 3.812.500
ВМРО за Македонија 833.000 150.000 0 110.000 0 180.000 0 1.273.000

Резултати

Партија Гласови % Седишта +/–
ВМРО-ДПМНЕ
Демократска партија на Албанците
Демократска унија за интеграција
Социјалдемократски сојуз на Македонија
Коалиција за промени и правда
Партија за демократски просперитет
Алијанса за Албанците
Либерална партија на Македонија
ВМРО за Македонија
Движење Беса
Левица

Наводи

Надворешни врски