Прејди на содржината

Македонски народни песни (збирка од 1952 г.)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонски народни песни
Прва страница од оригиналното издание
АвторЈосиф Чешмеџиев
ЗемјаБугарија
Јазикмакедонски, бугарски
ЖанрМакедонски народни песни
Издавач„Наука и изкуство“, Софија
Издадена
1952 г.

„Македонски народни песни“антологија песни во обработка и редакција од македонскиот композитор Јосиф Чешмеџиев, заедно со Иван Ќулев и Панчо Владигеров, издадена од „Наука и изкуство“ во Софија, 1952 г.[1][2]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Збирката содржи вкупно 19 песни од селата Обидим, Лешница, Слаштен, Долно Броди – Серско, Безме, Брезница, Калапот, Плетена итн. Застапени се песните: „Хајдути“, „Мома војвода“, „Будимски јунаци“, „Затворница“, „Пиринска овчарка“, „Слана ме попари“,„Соракинка мала мома“, „Бела Неда“, „Сон ме ломи“, и др.

  1. „Јосиф Чешмеџиев, Македонски народни песни“, проф. д-р Марко Китевски, Камелеон, 2009 г., Скопје
  2. „Јосиф Чешмеџиев, Македонски народни песни“, проф. д-р Марко Китевски, Гирланда, 2017 г., Скопје