Ова е табеларен преглед на гласовите на тајландскиот јазик. Гласовите се предадени приближно, со нивните најблиски еквиваленти во македонската фонологија и писмо. Тајланското писмо е азбучнослоговно (абугида) и честопати групира два или повеќе гласа во една самостојна комбинација на знаци кои може да имаат приздив (асприрација) зависно од тоа дали се почетоци или рими (почетни или завршни во зборот), но истите на македонски се предаваат без приздивот. Тоновите и должината на самогласките не се предаваат. Исто така може да се забележи дека постојат повеќе знаци за еден ист глас - појава што се должи на фактот што извесни знаци се наменети само за пишување на зборови произлезени од староиндиските јазици санскрит и пали. Таквите се предаваат идентично на македонски.
Покрај македонското кирилично предавање, во табелите се дадена и латиничната транскрипција (романизација) според општата кралска тајландска транскрипција (RTGS), која е прифатен стандард во земјата и странство.[1]
Согласките се разликуваат во предавањето зависно од положбата на слогот: дали е почеток (на почетокот на слогот) или рима (на крајот од слогот). Тирето („–“) во делот за самогласки ја означува релативната положба почетната согласка што ѝ принадлежи на самогласката.