Македонска ризница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Македонска ризница
Македонска ризница.jpg
Типинтернет-списание
ФорматB2
УредникБлагојче Андонов
Основан4 август 2012
Јазикмакедонски
СедиштеБитола
СтраницаМакедонска ризница

„Македонска ризница“списание пред сѐ е наменето за теми од македонската историја, но не само онаа која на ова наше тло се случувала во дамнешното минато, туку и таа која што преку македонските собири, прослави и чествувања продолжува да опстојува до ден денес. Исто така во списанието е одвоено простор и за македонската култура и уметност, како и за случувања и личности коишто намерно или случајно не се опфатени во мејнстрим медиумите. Списанието „Македонска ризница„ постојано ги следи активностите на македонистите и големи афирматори на Македонија во светот сè со цел запознавање на пошироката јавност за нивните активности.

Од неодамна „Македонска ризница“ има и свој ISSN-број од Меѓународниот ISSN-центар во Париз, со посредство на ISSN-центарот на Македонија, со што се потврдува нашата сериозност во ангажманот околу овој проект и намерите тој и понатаму да опстојува .Исто така списанието е дел од најголемата светска архива „Семрежен архив“ Со ова бројот на соработници и соговорници е во постојан пораст, што покажува дека ужива огромна доверба помеѓу историчарите, македонистите и сите љубители на македонската историја и фолклор.

„Македонска ризница“ излегува еднаш месечно. Нејзин издавач е Александар Стеванов, а главен и одговорен уредник Благојче Андонов. Списанието излегува на македонски јазик. Првиот број е излезен на 4 август 2012 година.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]