Прејди на содржината

Македонска воено-инспекциска област

Од Википедија — слободната енциклопедија
Документ од тетовскиот округ со наредба до околиските начанлици. Документот е од 22 јануари 1916 година, кога Тетовскиот округ се наоѓа под Царство Бугарија.

Македонската воено-инспекциска област била административно-управна единица во рамките на Царството Бугарија во текот на Првата светска војна од окупираните делови на Србија. Во МВИО влегувале Вардарска Македонија и делови од Косово.[1]

Документ на градската општинска управа од град Галичник, од 9 септември 1916 година.

Формирање

[уреди | уреди извор]

Македонската воена инспекциска област била формирана на 8 декември 1915 со седиште во Скопје и се наоѓа во оперативната зона до 29 септември 1918 година. Административна област ги вклучувала следниве области: Скопско, Кумановско, Тетовско, Штипско, Тиквешко, Битолско, Охридско, Призренско и Приштинско. Гувернер на областа од создавањето па сè до 1918 година бил генералот Рачо Петров, а бил наследен од Стефан Тошев.

Во Македонската воена инспекциска област во 1916 година била формирана една планинаска дивизија. Од јуни 1918 г. е поделена на окупаторски области, а од 11 август на Скопска и Штипска дивизиска областа со по 5 воени окрузи. Од 7 октомври 1918 година нејзиниот Штаб се наоѓал во Софија. Од 1918 година раководител на комуникациите во Македонската воено-инспекциска област бил генералот Симеон Јанков. Таа била распуштена на 16 декември 1918 година.

  1. Недев, С., Командването на българската войска през войните за национално обединение, София, 1993, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]