Македонска Независност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Македонска Независност — македонска иселеничка организација, која дејствувала во периодот од почетокот на 1929 до 1931 година во Чикаго, САД. Била основана со напуштање на МПО под водство на Павел Ангелов, со цел самостојно и национално-политички да се организираат и да дејствуваат Македонците во градот и во околијата за морално и материјално да ги помага ослободувањето, обединувањето и издигнувањето на Македонија во независна демократска република. Својот Устав Организацијата го усвоила во 1930 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Михајло Миноски, Прилог кон прашањето за политичката активност на македонското прогресивно иселеништво во САД до 1931 година, „Гласник на ИНИ“, 1, Скопје, 1982