Македонија (албум-алманах)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Албум алманах Македонија
Almanach Makedonia.jpg
Албум-алманах „Македония“, корица на оригиналот.
Наслов на
оригиналот
Албум-алманах „Македония“
Преведувачнема
ЗемјаБугарија
Јазикбугарски
Жанристорија, географија, етнографија, економија
Издадена
1931 во Софија
Страници1041

Албум-алманах „Македонија“ (бугарски: Албум-алманах „Македония“) — историска книга, фото-документарен труд кој го брани бугарскиот етнички карактер во Македонија и идејата за автономија на Македонија. Објавено во Софија во 1931 година.

Во периодот од 1944 до 1989 година книгата била забранета и во Бугарија и во СР Македонија, а сите нејзини копии биле конфискувани и уништувани. Инаку, книгата е испишана на над 1.000 страни и има околу 3.500 фотографии.[1] Книгата претставува една од многуте национални и историски богатства на Македонија, кои се продаваат ширум светот, но државата нема слух истите да ги врати во државата.

Уредувачкиот комитет е составен од Илија Иванов - револуционер и активист на ВМОРО од Прилеп, Вардарска Македонија; Александар Развигоров - револуционер и активист на ВМОРО од Штип, Вардарска Македонија; Димитар Ризов - револуционер и активист на ВМОРО од Велес, Вардарска Македонија; Лазар Томов - револуционер и активист на ВМОРО од селото Годлево, Разлог, Пиринска Македонија и Стефан Аврамов - револуционер и активист на ВМОРО од градот Чирпан, Тракија.

Покрај уредничкиот комитет, голем број истакнати бугарски и странски јавни личности и културни дејци помогнаа во пишувањето на Алманахот, меѓу кои:

Иван Снегаров - историчар од Охрид, Вардарска Македонија; Љубомир Милетиќ - научник од Штип, Вардарска Македонија; Константин Станишев - лекар од Кукуш, Егејска Македонија; Апостол Фрчковски - сликар од Галичник, Вардарска Македонија; Густав Вајганд - германски лингвист специјализиран за балкански јазици од Дујсбург, Германија; Леон Ламуш - француски офицер и јавна личност, близок до бугарско-македонската ослободителна кауза од првата половина на 20 век. Алманахот е разгледан и одобрен од Македонскиот национален комитет.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ФОТО: Книгата за Македонија и ВМРО која беше забранета се продава за неверојатни 9.500 долари“. pogled.mk. 31 март 2017.