Македонија (Охајо)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонија
Macedonia
град
Лонгвудскиот поседнички дом
Лонгвудскиот поседнички дом
Гесло: Крстосницата на Североисточно Охајо
Местоположба во округот Самит и сојузната држава Охајо.
Местоположба во округот Самит и сојузната држава Охајо.
ЗемјаСАД
Сој. државаОхајо
ОкругСамит
Управа
 • ГрадоначалникНиколас Молнар
Површина[1]
 • Вкупна25.25 км2
 • Земјишна25.15 км2
 • Вода0.10 км2
Надм. вис.[2]&10000000000000301000000301 м
Население (2010)[3]
 • Вкупно11.188
 • проц. од (2018[4])11.927
 • Густина444.9/км2
Часовен појасисточен (EST) (UTC-5)
 • Лете (ЛСВ)EDT (UTC-4)
Пошт. бр.44056
Повик. бр.330
FIPS-код39-45976[5]
GNIS1061458[2]
Мреж. местоmacedonia.oh.us

Македонија (англиски: Macedonia, изг. Масидонија) — мал град сместен во североисточниот дел од државата Охајо, САД. Се смета дека во 2018 г. населението броело 11.927 жители.[4]

Името на градот се смета дека потекнува од една мала анегдота помеѓу студентите по богословие на колеџот „Вестерн резерв“, кој на почетокот на XIX век се наоѓал во Хадсон, Охајо. Студентите, кои биле повикани да одржат проповед во едно мало место на 10 км (6 милји) на север, каде се потсетиле на главата 16 од библиските Дела на светите апостоли: „...По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи сфа­тив­ме дека Господ нѐ повикал таму да го разгласуваме Евангелието.“[6] Поради ова, местото подоцна било наречено Македонија.

Нема податоци во врска со тоа дали во гратчето Македонија живеат Македонци.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „US Gazetteer files 2010“. Пописно биро на САД. Архивирано од изворникот на 2012-01-25. Посетено на 1 јуни 2013.
  2. 2,0 2,1 „US Board on Geographic Names“. Геолошки топографски институт на САД. 25 октомври 2007. Посетено на 21 јануари 2008.
  3. „American FactFinder“. Пописно биро на САд. Посетено на 1 јуни 2013.
  4. 4,0 4,1 „Population and Housing Unit Estimates“. Посетено на 12 јуни 2019.
  5. „American FactFinder“. Пописно биро на САД. Посетено на 31 јануари 2008.
  6. Дела 16,10 — Стандардна македонска библија, 2006 г.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]