Македонит
Изглед
| Македонит | |
|---|---|
Внатрешна структура на македонитот | |
| Општо | |
| Категорија | минерал |
| Формула | PbTiO3 |
| Штрунцова класификација | 4.CC.35 |
| Данина класификација | 4.3.6.1 |
| Просторна група | P4/nmm |
| Единична ќелија | a = 3.90 Å, c = 4.18 Å Z=1 V=63.58 Å3 |
| Распознавање | |
| Боја | црна |
| Кристален систем | четириаголен |
| Жилавост | многу кршлив |
| Цврстина на Мосовата скала | 6 |
| Сјај | стеклест |
| Проѕирност | непроѕирен |
| Специфична тежина | 7.82 |
| Оптички својства | едноосен |
Македонит — минерал кој името го добил по Македонија. За првпат е откриен во пегматитско-хидротермалните жици што се јавуваат во серијата на сиенитите кај селото Алинци, Прилепско. Македонитот по состав е PbTiO3, кристализира четириаголно и обично се јавува во кристални облици што се комбинација на призми. Има црна боја со кафеава нијанса и стаклеста сјајност. Во пегматитско-хидротермалните жици кај Алинци македонитот се јавува заедно со амазонитот, кварцот, титанитот, рутилот, анатасот и монацитот.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ проф. д-р Блажо Боев: „Македонска Енциклопедија“, Македонит, Рударско-геолошки факултет, Штип, стр. 844, МАНУ, Скопје, 2009.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Macedonite - сите особини на минералот