Мака (Lepidium meyenii)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Мака (Lepidium meyenii) или перуанска мака, спаѓа во група на зеленчук од фамилија Brassicaceae. Нејзиното одгледување, поради своите лековити својства, е забележано уште од неолитско време во регионот на Перу на високите Анди. Ова растение расне исклучиво на надморска височина од 3500м до 4200м.

Историја[уреди | уреди извор]

Според легендите, Инките, коренот од Мака го давале на своите војници за зголемување на сила и издржливост, додека пак откако ќе завршела битката, истата им ја ускратувале на војниците поради нејзиното својство за зајакнување на либидо.

Пред 2000 години, домородците го користеле коренот од Мака како извор на снага и плодност. А, подоцна растението во Европа било донесено од страна на Шпанците. Со години било користено во шпанскиот кралски дворец, но со текот на времето, знаењето околу нејзиното постоење избледело.

Видот Lepidium meyenii, за првпат во литературата го опишал Вилијам Герард Валперс во 1843 година, по испитување на примерок земен од Писакома (3919 м.н.в), одалечено на околу 60км јужно од езерото Титикака во Перу.

Овие испитување поттикнале љубопитност и кај други перуански, американски и германски истражувачи да ја разоткријат оваа билка. Од шеесетите години на минатиот век, Мака и нејзините лековити својства повторно стануваат познати на светот.

Нутритивна вредност[уреди | уреди извор]

Познавајќи ја нутритивната вредност на коренот од мака, со право можеме да кажеме дека спаѓа во “супер храна”. Според својот нутритивен состав, коренот од мака содржи во просек 60-70% јаглехидрати, 10-14% протеини, 8.5% растителни влакна и 2.2% масти. Исто така и голема количина на витамини како: витамин Б1, Б2, Б6, Б12, витамин Ц и други микро- и макронутриенти. Богата е со калциум и калиум, а сиромашна со натриум. Исто така, во својот состав содржи и основни олиго-елементи т.е минерали како: железо, јод, манган, селен и цинк. Мака е едно од растенијата коешто ги содржи сите основни аминокиселини потребни на човековиот организам.

Поради присуство на флаваноиди, мака има антидепресивно дејство врз нервниот систем. Влијае на подобрување на расположението и редуцирање на симптоми на анксиозност и депресија, особено кај жени во менопауза.

Лековити својства[уреди | уреди извор]

Мака делува преку хипоталамо-хипофизен тракт, преку којшто прецизно ја поправа дисфункцијата на човечкиот организам, влијаејќи како врз надворешни така и внатрешните штетни влијанија.  Научниците ова растение го сместуваат во група на “адаптогени растенија” т.е средство кое ја нормализира функцијата на организмот. Нејзината способност за препознавање на потребите на секој поединечен организам, овозможува уште да биде нарекувана и “паметна билка”.

Мака, поради нејзините богати својства, најчесто е препорачувана од ендокринолозите како земана за хормонална терапија. Помага и при постигнување на позитивен резултат за природно оплодување. Со тоа се заштитува, пред сѐ, здравјето на двата партнери кои не можат да имаат деца по природен пат.

Со своите адаптогени својства, Мака на природен начин воспоставува хормонска рамнотежа во организмот и помага на жените при болни менструални циклуси, неплодност, менопауза и при синдром на полицистични јајници. Додека пак, кај мажите, се користи за подобрување на потенцијата и зголемување на волуменот на спермата (број, формирање, и движење на сперматозоиди).

Содржи растителен stereole, витамин Ц и калциум кои помагаат при заштита на срцето и крвните садови, исто како и при изградба на мускулна маса и зголемување на физичка издржливост. Активноста на мака правот се поврзува и со значаен дел на протеини и важни аминокиселини за плодност, како што се arginine, cysteine, glycine, glutamine, proline, and tyrosine.

Надворешна употреба[уреди | уреди извор]

Освен внатрешни, коренот од мака има и надворешни позитивни влијанија на организмот, може да делува како заштитен фактор од ултравиолетови зраци коишто ја оштетуваат незаштитената кожа.

Неретко, маска од мака се користи како заштитен фактор од УВ зраци, со што се спречува појава на брчки и се намалува ризик од рак на кожа.

Употреба[уреди | уреди извор]

Денеска коренот од мака, на пазарот може да се најде и во вид на прав или капки, најчесто употребнуви како суплемент во исхраната. Со откривањето на нејзините нутритивни и лековити својства, во САД и Англија стана вистински хит во секојдневниот живот на многу луѓе. Додека пак во Јапонија, Холандија и Скандинавските земји скоро и да не постои жена којашто го нема растението мака во своето домаќинство. Во Норвешка, растението мака спаѓа во група на лекови, и може да се набави само со лекарски рецепт.

Извор[уреди | уреди извор]

  • H. O. Meissner, P. Mrozikiewicz, T. Bobkiewicz-Kozlowska et A. Mscisz, «  », International Journal of Biomedical Science : IJBS, vol. 2, no 3,‎ 23 декември 2016, p. 260–272 [1]
  • H. O. Meissner, W. Kapczynski, A. Mscisz et J. Lutomski, «  », International Journal of Biomedical Science : IJBS, vol. 1, no 1,‎ 23 декември 2016, p. 33–45,[2]
  • http://www.doctissimo.fr/html/nutrition/mag_2001/mag0216/nu_3600_aphrodisiaques_niv2.htm
  • H. O. Meissner, A. Mscisz, H. Reich-Bilinska et P. Mrozikiewicz, «  », International journal of biomedical science: IJBS, vol. 2, no 4,‎ 1er декември 2006, p. 375–394 [3]
  • T. Hudson, ND, «  », Integrative Medicine • Vol. 7, No. 6,‎ dec 2008/jan 2009, p. 54-57 [4]
  1. прочитај повеќе
  2. Meissner, H. O.; Kapczynski, W.; Mscisz, A.; Lutomski, J. (2005-6). „Use of Gelatinized Maca (Lepidium Peruvianum) in Early Postmenopausal Women“. International Journal of Biomedical Science : IJBS. 1 (1): 33–45. ISSN 1550-9702. PMC 3614576. PMID 23674952. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. Meissner, H. O.; Mscisz, A.; Reich-Bilinska, H.; Mrozikiewicz, P.; Bobkiewicz-Kozlowska, T.; Kedzia, B.; Lowicka, A.; Barchia, I. (2006). „Hormone-Balancing Effect of Pre-Gelatinized Organic Maca (Lepidium peruvianum Chacon): (III) Clinical responses of early-postmenopausal women to Maca in double blind, randomized, Placebo-controlled, crossover configuration, outpatient study“. International journal of biomedical science: IJBS. 2 (4): 375–394. ISSN 1550-9702. PMC 3614644. PMID 23675006.
  4. Hudson, Tori (2006). „Integrative Medicine“ (PDF).