Макадамија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Макадамија
Macadamia nuts on tree.JPG
Јаткасти плодови на Макадамија
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносеменици
Класа: Евдикоти
Ред: Proteales
Семејство: Proteaceae
Потсемејство: Grevilleoideae
Род: Macadamieae
Подрод: Macadamiinae
Видови
  • Macadamia integrifolia
  • Macadamia jansenii
  • Macadamia ternifolia
  • Macadamia tetraphylla

Макадамија е род од четири вида дрвја автохтони за Австралија кои сочинуваат дел од фамилијата на растенија Proteaceae. [1] [2] Потекнуваат од североисточниот дел на Нов Јужен Велс и централниот и југоисточниот дел од Квинсленд. Три видови од овој род се важни за трговски цели поради нивните плодови орев од макадамија (макадамиски орев или само макадамија). Вкупното светско производство во 2015 година изнесуваше 160,000 тони.[3] Позната е и под други имиња како Квинслендшки орев, грмушкаст орев, баупле орев и Хавајски орев. [4] На абориџински јазик плодот се нарекува: боупл, гиндл, јиндили [4] и бумбера.

Свеж орев од макадамија пресечен на половина
Макадамиски орев во лушпата и печен орев
Макадамиски орев со засечена обвивка и специјален клуч за отварање на плодот

Оревот за прв пат почна да се одгледува за комерцијални цели на Хаваи, откако семето од Австралија беше донесено во 1880-тите, и извесно време тие беа најголем светски производител. [5] [6] Во 2010 година Јужна Африка го презеде приматот како најголем производител на макадамија.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Германско-австралискиот ботаничар Фердинанд фон Милер во 1857 година го нарече овој род Макадамија во чест на шкотско-австралискиот хемичар, наставник по медицина и политичар Џон Макадам.

Опис[уреди | уреди извор]

Макадамија е зимзелено растение кое расте од 2 до 12 метри во височина.

Oд три до шест листови излегуваат од едно колено, и имаат ланцеолатна до елипсовидна форма, долги се од 6 до 30 см и широки од 30 до 130 мм, со целосен или боцкаво-назабен раб. Цветовите растат во долг, виток, едноставен грозд долг од 50 до 300 мм, а поединечните цветови се долги од 10 до 15 мм. Бојата им е розово-бела или виолетова, со четири латици . Плодот е тврда, дрвенеста, сферична фоликула со зашилен врв, и содржи едно или две семиња . Лушпата е исклучително тврда и потребни се околу околу 2000 њутни за да се скрши. Лушпата е пет пати потешка од лушпата на лешникот и има механички својства слични на алуминиумот. Има Викерсова тврдост од 35.[7] [8]

Одгледување[уреди | уреди извор]

Три од четирите видови - Macadamia integrifolia, Macadamia ternifolia и Macadamia tetraphylla - се од комерцијална важност. Четвртиот вид, M. jansenii, раѓа отровни ореви како резултат на цијаногените гликозиди што ги содржи.

Макадамијата обично се размножува со калемење; а младото дрво не дава плодови сè додека не наполни 7-10 години, но потоа може да се бере повеќе и од 100 години. Макадамиите претпочитаат плодни, многу пропустливи почви, врнежи од 1,000 до 2000мм, и температури кои не се спуштаат под 10°C, со оптимална температура од 25°C. Дрвото од макадамија има плиток и лесно може да биде соборено од појака бура. Овие дрва се подложни на болест на коренот на дрвото наречена Phytophthora. Во 2019 година, оревот од макадамија беше најскап орев на светот, што најмногу се должи на бавниот процес на берба. [9]

Macadamia nuts, raw
Хранлива вредност по 100 г
Енергија3,080 kJ (740 kcal)
13,8 g
75.8 g
7,9 g

Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД.

Производство[уреди | уреди извор]

Во 2018 година, Јужна Африка беше водечки производител на макадамиски ореви, со удел од произведени 54.000 тони во целокупното светско производство кое изнесуваше 211.000 тони. [10] Макадамија комерцијално се произведува во многу земји од Југоисточна Азија, Јужна Америка, Австралија и Северна Америка кои имаат медитеранска, умерена или тропска клима . [10]

Исхрана[уреди | уреди извор]

Оревите од макадамија содржат 1% вода, 14% јаглени хидрати, 76% масти и 8% белковини. 100 грама макадамиски ореви имаат 740 килокалории и се богат извор (20% или повеќе од препорачаната дневна вредност (ДВ)) на бројни есенцијални хранливи материи, како: тиамин (104% ДВ), витамин Б 6 (21% ДВ) ), други Б витамини, манган (195% ДВ), железо (28% ДВ), магнезиум (37% ДВ) и фосфор (27% ДВ).

Во споредба со другите јаткасти плодови, како бадемите и индиските ореви, макадамиите имаат високо ниво на вкупни масти и релативно ниско ниво на белковини. Имаат голема количина на мононезаситени масти (59% од вкупната содржина), а содржат и омега-7 палмитолеинска киселина (како 17% од вкупните масти). [11]

Токсичност кај кучињата[уреди | уреди извор]

Макадамиите се отровни за кучињата. Голтањето може да предизвика со труење од макадамија кај овие животни, манифестирана со слабост и парализа на задните екстремитети (неможност за стоење), а се јавува во рок од 12 часа по внесувањето. [12] Непознато е зошто макадамиите се токсични за кучињата, и зошто ваквите ефекти се појавуваат само кај нив. [13] Во зависност од проголтаната количината и големината на кучето, симптомите кои се јавуваат вклучуваат тресење на мускулите, болки во зглобовите и силна болка во стомакот. Понекогаш може да бидат потребни и лекови за ублажување на симптомите додека не се намалат токсичните ефекти, а за целосно опоравување обично се потребни 24 до 48 часа. [12]

Други намени[уреди | уреди извор]

Дрвото се одгледува и како украсно растенија во суптропските региони поради нивните блескави лисја и привлечни цветови. Цветовите произведуваат високо ценет мед. Дрвото се користи како декоративен предмет. [14]

Семето од макадамија се користи како храна на хајцинт ара папагалите. Овие папагали се едни од ретките животни, освен луѓето, способни да ја скршат лушпата и да ја изедат јатката. [15]

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Масло од макадамија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Macadamia%“. Australian Plant Name Index (APNI), Integrated Botanical Information System (IBIS) database (listing by % wildcard matching of all taxa relevant to Australia). Centre for Plant Biodiversity Research, Australian Government. Архивирано од изворникот на 12 September 2019. Посетено на 12 December 2020.
  2. Mast, Austin R.; Willis, Crystal L.; Jones, Eric H.; Downs, Katherine M.; Weston, Peter H. (July 2008). „A smaller Macadamia from a more vagile tribe: inference of phylogenetic relationships, divergence times, and diaspore evolution in Macadamia and relatives (tribe Macadamieae; Proteaceae)“. American Journal of Botany. 95 (#7): 843–870. doi:10.3732/ajb.0700006. ISSN 1537-2197. PMID 21632410. Архивирано од изворникот на 1 September 2020. Посетено на 4 April 2013.
  3. „South Africa becomes king of macadamia nuts again“. FreshPlaza. 14 April 2015. Архивирано од изворникот на 10 October 2016. Посетено на 9 October 2016.
  4. 4,0 4,1 „The Bopple Nut“ (PDF). Bauple Museum. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 August 2014. Посетено на 19 June 2014.
  5. Kean, Zoe (12 December 2020). „In a nutshell: how the macadamia became a 'vulnerable' species“. The Guardian. Посетено на 14 December 2020.
  6. Shigeura, Gordon T.; Ooka, Hiroshi (April 1984). Macadamia nuts in Hawaii: History and production (PDF). Research extension series. University of Hawaii. College of Tropical Agriculture and Human Resources. ISSN 0271-9916. Архивирано од изворникот (PDF) на 22 September 2019. Посетено на 1 June 2020.
  7. Schüler, Paul; Speck, Thomas; Bührig-Polaczek, Andreas; Fleck, Claudia; Buehler, Markus J. (7 August 2014). „Structure-Function Relationships in Macadamia integrifolia Seed Coats – Fundamentals of the Hierarchical Microstructure“. PLOS ONE. 9 (#8): e102913. doi:10.1371/journal.pone.0102913. PMC 4125148. PMID 25102155.
  8. Jennings, J. S.; Macmillan, N. H. (May 1986). „A tough nut to crack“. Journal of Materials Science. 21 (#5): 1517–1524. Bibcode:1986JMatS..21.1517J. doi:10.1007/BF01114704.
  9. Kim, Irene Anna (March 6, 2019). „What makes macadamia nuts the most expensive nuts in the world, at $25 per pound“. Business Insider. Архивирано од изворникот на 26 August 2019. Посетено на July 8, 2020.
  10. 10,0 10,1 Motaung, Ntswaki (2018-05-30). „More and more macadamia produced globally“. Agriorbit (англиски). Архивирано од изворникот на 15 January 2019. Посетено на 2019-01-15.
  11. „Macadamia nuts, raw, per 100 g“. Conde Nast for the USDA National Nutrient Database, release SR 21. 2014. Архивирано од изворникот на 14 January 2016. Посетено на 14 January 2016.
  12. 12,0 12,1 Christine Allen (October 2001). „Treacherous Treats – Macadamia Nuts“ (PDF). Veterinary Technician. Архивирано од изворникот (PDF) на January 16, 2014. Посетено на January 15, 2014.
  13. „Macadamia Nut Toxicity“. The Spruce Pets. Посетено на 30 March 2021.
  14. „Macadamia Nut | The Wood Database - Lumber Identification (Hardwood)“. Архивирано од изворникот на 14 May 2019. Посетено на 19 August 2019.
  15. Kashmir Csaky (November 2001). „The Hyacinth Macaw“. Parrots Magazine. Архивирано од изворникот на 12 June 2007. Посетено на December 6, 2010.