Мазут
Изглед
Мазутот е продукт што се добива како остаток при дестилација на нафтата. Се користи како гориво.
Употребата на мазутот во бившиот Источен блок земји е многу повеќе застапена, отколку во Западните земји каде мазутот се нарекува „отпадно масло“. Големата содржина на сулфур во мазутот претставува сериозен проблем во заштита на животната средина.
Главните разлики помеѓу различните типови на Мазут-100 е во содржината на сулфур. Класите според нивото на сулфур се следниве:[1]
- Мазут со "многу ниска содржина на сулфур" помалку од 0.5%
- Мазут со "ниска содржина на сулфур" од 0.5–1.0%
- Мазут со "нормална содржина на сулфур" од 1.0–2.0%
- Мазут со "висока содржина на сулфур" од 2.0–3.5%