Мажи со душа

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мажи со душа (англиски: Soul Men) е американски филм, во режија на Малколм Д. Ли. Главните улоги ги толкуваат: Семјуел Л. Џексон и Берни Мек.

Берни Мек на сетот на филмот во март 2008 година

Содржина[уреди | уреди извор]

Во 1970-тите, Луис и Флојд биле придружни вокали во еден познат музички состав „Маркус Хук енд д риал диал“. Кога главниот пејач Маркус одлучува да започне соло-кариера, тој постанува меѓународна ѕвезда, додека Флојд и Луис успеваат да снимат еден заеднички албум, а потоа се повлекуваат.[1]

Џексон и Мек со Gabe Witcher претходно снимаа песни за филмот во декември 2007 година

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антена, број 845, 5.9.2014, стр. 24.