Прејди на содржината

Мажи и кокошки (филм од 2015)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Мажи и кокошки“ (дански: Mænd og Høns) — данско-германски филм од 2015 година во режија на Андерс Томас Јенсен (Anders Thomas Jensen), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Давид Денсик (David Dencik), Мадс Микелсен (Mads Mikkelsen), Оле Теструп (Ole Thestrup), Николас Бро (Nicolas Bro), (Søren Malling) и Николај Ли Кас (Nikolaj Lie Kaas). Филмот освоил неколку награди, како: наградата за најдобар режисер на комедија на Филмскиот фестивал во Остин; наградата на жирито за најдобар режисер на фестивалот во Монте Карло; наградата „Сребрен Мелие“ за најдобар европски фантастичен игран филм на Меѓународниот фестивал на фантастичен филм во Нојшател; наградата на жирито за најдобар наративен филм на фестивалот во Сарасота итн.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Габриел и Елијас се двајца браќа кои дури по смртта на татко им дознаваат дека се усвоени. Затоа, тие решаваат да го запознаат своето биолошко семејство.