Мажите повеќе сакаат русокоси

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

„Мажите повеќе сакаат русокоси“ (англиски: Gentlemen Prefer Blondes) — американски филм од 1953 година во режија на Хауард Хокс (Howard Hawks), по [Сценарио|сценариото]] на Чарлс Ледерер (Charles Lederer). Главните улоги ги играат: Мерилин Монро (Marilyn Monroe), Џејн Расел (Jane Russell), Чарлс Кобурн (Charles Coburn), Елиот Рид (Elliott Reid) и Томи Нунан (Tommy Noonan). Филмот, кој постигнал голем успех кај публиката, претставува адаптација на еден постар бродвејски мјузикл, заснован врз истоимениот роман. Во него се измејува познатиот стереотип за глупавата русокоса која ги полудува мажите. Покрај глумата на двете големи филмски ѕвезди (Монро и Расел), филмот се одликува и со повеќе симпатични споредни, најчесто карикирани, ликови, како и со одлични музички точки и духовити дијалози.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Лорелај Ли (ја игра Монро) и Дороти Шоу (ја игра Расел) се забавувачки во кабаре и неразделни пријателки. Тие заминуваат во Париз, зашто Ли се надева дека таму ќе дојде и нејзиниот свршеник, мултимилионерот Гас Езмонд (го игра Нунан) и дека двајцата ќе се венчаат. И Дороти се надева дека таму ќе го пронајде својот животен сопатник. Меѓутоа, Гас е толку љубоморен, што ги изнајмува приватниот детектив, младиот и згоден Ерни Малоун (го игра Рид), за да ги следи двете девојки. Набргу, Ерни се вљубува во Дороти, додека Лорелај, која воопшто не крие дека ја интересираат само парите, го заведува секој маж кој ѝ делува како интересна прилика...

Наводи[уреди | уреди извор]