Мадона со каранфил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мадона со каранфил
италијански: Madonna del Garofano
Творец Леонардо да Винчи
Година 1478–1480
Димензии 62 см × 47,5 см
Место Стара пинакотека, Минхен

Мадона со каранфил, наречена и Мадона со вазна или Мадона со Младенецот — слика на Леонардо да Винчи, создадена помеѓу 1478 и 1480 година. Од 1889 година се наоѓа во музејот Стара пинакотека,[1] а дотогаш била во приватна сопственост.

Опис[уреди | уреди извор]

Централниот мотив е младата Дева Марија со своето голо бебе Исус во скутот. Марија седи и носи скапоцен накит. Во левата рака држи каранфил, што се толкува како симбол на исцелување. Лицата се осветлени додека предметите наоколу се потемни, на пример, каранфилот е во сенка. Младенецот гледа нагоре, додека мајката гледа надолу, така што нема контакт со очите. Портретот е сместен во просторија со два прозорци од секоја страна на централните фигури, на кои, со карактеристичната техника на Да Винчи - сфумато, е прикажан оддалечен предел.

Првично се мислело дека оваа слика ја насликал Андреа дел Верокио, но подоцна историчарите на уметност утврдиле дека сепак е дело на Да Винчи.

Мадона и Младенецот се вообичаен мотив во средновековната христијанска уметност. Оваа слика е единственото дело на Леонардо кое е постојано изложено во Германија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Room IV ("Italian Renaissance paintings"), Inventory No. 7779

Надворешни врски[уреди | уреди извор]