Прејди на содржината

Мадиган (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Мадиган“ (англиски: Madigan) – филм на режисерот Дон Сигел од 1968 година. Главните улоги ги играат: Ричард Видмарк, Хенри Фонда и Ингер Стивенс.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Полицискиот детектив Даниел Мадиган добива бројни признанија во текот на својата кариера, иако често работи на границата на професионалната етика. Неговото однесување не му одговара на строгиот полициски комесар Ентони Расел, кој во минатото му бил командир на Мадиган. Опасната работа на Мадиган ја оптоварува неговата сопруга Џулија, па тој се зближува со поранешната девојка Џоунзи, пејачка во ноќен клуб, која уште е заљубена во него. Едно утро, Мадиган и неговиот соработник, детективот Роко Бонаро, на сопствена иницијатива, го апсат Бени Бенеш, но акцијата не успева: не само што Бенеш успева да побегне, туку им го зема и оружјето...