Мадам де... (филм од 1953)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Мадам де...“ — (француски: Madame de...) - француски филм од 1953 година, во режија на Макс Офилс (Max Ophüls) по сценариото на Марсел Ашар (Marcel Achard), засновано врз романот на Луј де Вилморан (Louise de Vilmorin). Главните улоги ги толкуваат: Шарл Боје (Charles Boyer), Даниел Дариу (Danielle Darrieux) и Виторио де Сика (Vittorio De Sica).[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Во филмот се прикажува судбината на едни обетки кои ги менуваат сопствениците во низа на раскинувања на врските и нови љубовни врски. Еден француски генерал (го игра Боје) ѝ подарува обетки на сопругата, но таа е принудена да ги продаде откако запаѓа во финансиски проблеми. Кога ги здогледува во придавницата, генералот одлучува да ги купи и ѝ ги поклонува на својата љубовница. Соочена со големи долгови поради нејзината страст кон комарот, таа ги заложува обетките, а едне италијански благородник (го игра де Сика) ги купува за една посебна француска жена...

Наводи[уреди | уреди извор]