Рене Магрит

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Магрит)
Рене Магрит

Рене Франсоа Гисле Магрит (21 ноември 1898 - 15 август 1967) бил надреалистички уметник, роден во Лесин, Белгија.

Творештво[уреди | уреди извор]

Сликите на Магрит постигнуваат високи цени на аукциите. Така, сликата „Надмоќноста на светлината“ (The dominion of light) била продадена за речиси 12,7 милиони долари на аукцијата одржана во „Кристи“, а потоа во 2014 година, аукциската куќа „Сотби“ успеала да постигне цена од 12,9 милиони долари за сликата „Прекрасен свет“ (Le beau monde). Во февруари 2017 година, „Кристи“ ја понудила за продажба сликата „Чувствителна струна“ (La corde sensible), очекувајќи цена од 14 милиони фунти (околу 17,5 милиони долари). Сликата потекнува од 1960 година, а на неа е прикажан планински пејзаж со кристална чаша за шампањ, во која се наоѓа пена од облаци. Сликарот ѝ ја подарил сликата на сопругата, а од 1990 година, таа се наоѓа во приватна збирка. Со големина од 114 на 146 сантиметри, таа е една од најголемите слики на Магрит.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Сликата на Магрит може да достигне 17,5 милиони долари“, Дневник, година XXI, број 6288, понеделник, 13 февруари 2017, стр. 20.