Голема Грција

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Магна Грециа)
Магна Грециа 280 пр.н.е.

Магна Граециа (латински: Magna Graecia — „Голема Грција“, од грчки Μεγάλη Ελλάς, Мегали Елас) е назив на територијата од јужниот дел на Апенинскиот Полуостров односно денешна Јужна Италија којшто бил колонизиран од страна на Старите Грци во 8 век п.н.е. Со колонизацијата, на овие простори биле формирани нови цивилизации и култури од кои подоцна биле основани латинските и италиските цивилизации.

Колонизација[уреди | уреди извор]

Грците во 7 век п.н.е. и 8 век п.н.е. колонизирале голем дел од средоземното крајбрежје, од источните делови на Црно Море до денешниот град Марсеј. Воспоставиле контрола над Сицилија и јужниот дел на Апенинскиот Полуостров. Ова место било нарекувано Магна Граециа кое во превод значи голема Грција. Географите единствено не се слагале околу тоа дали Сицилија спаѓала во составот на Голема Грција или не. Страбон сметал дека истата била во нејзиниот состав.

Култура[уреди | уреди извор]

Со колонизирањето на овие простори, Старите Грци ја пренеле нивната култура на овие простори, создавајќи независни полиси. НАбргу на овие простори била развиена грчката култура од која подоцна произлегле латинската и италиската цивилизација. Најзначаен придонес од тоа време е создавањето на ново писмо. Грчката алфабета од страна на Етрурците била трансформирана во латиница. На ови простори живееле и работеле научници како Архимед, Питагора и Емпедокло.

Основање на градови[уреди | уреди извор]

Најпознати градови кои биле основани од тоа време се:

Голема Грција по Пировската војна станала дел од Римската република, со кое започнало романизација на тамошното население.

Доцна историја[уреди | уреди извор]

По пропаѓањето на Западното Римско Царство, овие делови биле запуштени. Подоцна биле заземени од страна на Источното Римско Царство.