Магионичарот (филм од 1958)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Магионичарот (шведски: Ansiktet) е шведски игран филм од 1958 година, во режија на Ингмар Бергман, кој истовремено е автор и на сценариото. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Макс фон Сидов (Max von Sydow), Гунар Бјернстранд (Gunnar Björnstrand), Ингрид Тулин, , Ерланд Јозефсон, Аке Фридел, Бенгт Екерот (Bengt Ekerot) и Биби Андерсон (Bibi Andersson). Во 1959 година, на Венцијанскиот филмски фестивал, филмот добил три награди.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Во 1846 година, магионичарот Алберт Емануел Фоглер (го игра Макс фон Сидов) со својата мала трупа оди во еден град, каде треба да изведе приватна претстава во куќата на конзулот Егерман (го игра Јозефсон). Патем, тој среќава еден глумец, кој е тешко болен, и го зема со себе во кочијата. Кога пристигнуваат во куќата каде што треба да ја одржат претставата, магионичарите се изложени на потсмев од шефот на полицијата (го игра Павло) и од докторот Фергерус (го игра Бјернстранд), а единствено сопругата на конзулот (ја игра Фрид) е убедена во натприродните способности на Фоглер при што таа отворено му ја изјавува својата љубовна понуда. Кога ќе умре болниот глумец, Фоглер наоѓа начин за да се одмазди: за време на претставата, тој му ги онеспособува рацете на еден од присутните луѓе, кој потоа го напаѓа и Фоглер се претвора дека е мртов; него го ставаат во ковчегот со двојно дно во кој веќе се наоѓа телото на умрениот глумец. Докторот Фергерус го сецира телото на умрениот, а жената на Фоглер (ја игра Тулин) го заклучува по што Фоглер успева да го преплаши докторот. Утредента, групата на Фоглер се подготвува да замине, но тогаш пристигнува шефот на полицијата со покана за настап на кралскиот двор.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]