Магдалена Антова-Велевска
Магдалена Антова-Велевска | ||
Роден | 29 август 1949 Скопје, СФР Југославија | |
---|---|---|
Починал | 14 јуни 2020 Скопје, Македонија | (возр. 70)|
Националност | Македонка | |
Занимање | професор по офталмологија, очен хирург |
Магдалена Антова-Велевска (29 август 1949 во Скопје — 14 јуни 2020 во Скопје) — македонски професор по офталмологија и очен хирург.
Биографија
[уреди | уреди извор]Основно и средно образование го завршила во Скопје, а во 1974 година дипломирала на Медицинскиот факултет во Скопје со просечен успех 9,65. Во текот на студирањето за потигнатиот просек била наградена од Деканатот на Мединскиот Факултет. Приправничкиот стаж активно го работи во Медицинскиот Центар во Куманово, а во 1975 година се вработува на Клиниката за очни болести. Специјализацијата по офталмологија ја започнува истата година, и ја завршува со успех во 1978 година.
Стручна и научна активност
[уреди | уреди извор]Стручната активност ја започнува во Сојузот на студентите на Мединскиот Факултет каде активно учествува како автор и соавтор на повеќе студенстки конгреси со свои теми од различни области. Како лекар специјалист самостојно учествува во дијагностичката и тераписката дејност на Клиниката за очни болести како во конзервативниот така и во хируршкиот дел. Особен афинитет покажува кон клиничките испитувања во патологијата на предниот сегмент на окото и леќата како и имунологијата на роговицата. Во 1982 и 1983 година на Мединскиот факултет ги започнала постдипломските студии од областа офталмологија, а во 1987 година со успех го одбранува магистерскиот труд со наслов: “Хемиски изгоретини на роговицата”. Во 1988 година ја пријавува докторската дисертација во областа на патологија на леќата а во 1991 година ја одбранува докторската теза под наслов: “Современ пристап во хируршкото лекување на катаракта и компаративна евалуација на интракапсуларниот и екстракапсуларниот пристап”. Како автор и соавтор со стручно научни трудови учествува на многубројни стручни состаноци, симпозијуми и Конгреси со меѓународно учество организирани во нашата држава , поранешни југословенски републики, Балкански асоцијации и Европски Конгреси во областа на предниот сегмент и патологија на леќата, како и хирургијата на катаракта. Активно учествува во работата на Југословенското офталмолошко здружение, Македонското офталмолошко здружение, Здружението на базичната клиничка имунологија и алергологија при Македонското лекарско друштво. Исто така е предавач на првата имунолошка школа во 1998 година во делот за офталмо-имунопатологија.
Носител е на научно истражувачки проект во изработка во областа на имунологијата на верналниот керато-конјуктивит. Стручната едукација постојано ја надоградува и уште од 1981 година престојува во ВМА во Белград. Подоцна остварува повеќе студиски престои во Универзитетски очни Клиники во : Дебрецин-Унгарија, Љубљана-Словенија, Белград и Нови Сад - Србија, Софија-Бугарија и Нинберг-Германија. Во 1999 година со успех го завршува првиот курс по факоемулзификација во Загреб-Хрватска. Во 2006 година остварува стручен престој во Фјодоров Институт во Москва.
Од 2002-2004 година е избрана за шеф на катедра на Клиниката за офталмологија. Во повеќе наврати е Директор на клиниката за Очни болести, а во 2006 година успешно ја започнува донаторската акција за осовременување и опремување на Клиниката за очни болести под име: “За мило бело видело” . Активно учествува во работата и била потпреседател и член на УО на Здружението на офталмолозите на Македонија.
Како модератор и повикан предавач учествувала во работата на Македонското лекарско здружение со повеќе предавања и работилници во областа на очните заболувања.
Во 2003 година е избрана за член на основачкиот Борд на СЕЕОС Архивирано на 8 ноември 2021 г. - Здружение на Офталмолози на Југоисточна Европа, како претставник од Република Македонија. Редовно учествува како повикан предавач на сите одржани Конгреси на СЕЕОС во Грција, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Унгарија.
Исто така е учесник на првиот Офталмолошки симпозијум на офталмолози во Приштина, Косово.
Во 2006 година е избрана за почесен член на Сојузот на офталмози на Бугарија, Пловдив.
Во 2008 е избрана за Шеф на Катедра по предметот офталмологија а во 2009 година е реизбрана со нов мандат.
Наставна дејност
[уреди | уреди извор]За асистент е избрана 1985 година, за доцент во 1991 година, а за вонреден професор по предметот офталмологија е избрана во 1996 година. За редовен професор по предметот офталмологија е избрана во 2001 година, реизбрана во 2007 година.
Од 1979 година наставната активност ангажирано и со посебна мотивираност и забележителен успех ја изведува на катедрата по предметот офталмологија. Во изминатиот период има објавено и рецензирано повеќе од 100 стручни и научни трудови рецензирани во билтените на УКИМ и повеќе од 30 трудови со кои учествувала на повеќе Офталмошки Конгреси во земјата и надвор од неа.
Во периодот до своето пензионирање до 2014, предава на Катедрата по офталмологија на: студенти на Висока школа на медицински сестри и рендген техничари, додипломски и последипломски студии на Медицинскиот Факултет – Скопје. Како професор изведува едукација на специјализантите по предметот: Офталмологија во сите четири години од специјализацијата.