МИГА

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Мултилатерлана агенција за гарантирање на инвестоциите или МИГА — меѓународна организација за поддршка на странските инвестиции, основана како дел од Светската банка.

Историјат[уреди | уреди извор]

На иницијатива на претседателот на Светската банка, претставена на годишниот состанок во 1981 година, Светската банка подготвила нацрт на Конвенцијата за основање на Мултилатералната агенција за гарантирање на инвестициите, со цел да се поттикне движење од економскиот капитал до земјите во развој со издавање на гаранции од некомерцијални ризици поврзани со инвестициите. На 11 октомври 1985 година, Годишното собрание на Светската банка го одобрило текстот на Конвенцијата и го испратило за потпис од земјите-членки заинтересирани за МИГА.

Активности[уреди | уреди извор]

МИГА издава гаранции за комерцијални ризици, како што се: пренос на валути, експропријација, прекршување на договорот, воени и социјални немири итн. МИГА има 141 зчленки, а нејзиното седиште е во Вашингтон. Земјите-членки се поделени во две категории: првата категорија ги вклучува развиените земји (21 земји), а во втората категорија се распоредени другите земји (земјите во развој). Најголем број акции имаат САД 20 519 (20,5 % од вкупниот капитал), па Јапонија со 5 095 акции, Германија со 5 071 акции Велика Британија и Франција имаат околу 4 860 акции, итн. Некои од областите кои ги покрива МИГА на глобалниот пазар на осигурување на инвестициите се:[1] [2]

  • да го зголеми капацитетот на другите јавни и приватни агенции за осигурување од политички ризик преку коосигурување и реосигурување;
  • врши инвестициско осигурување во други земји, полиси за осигурување од страна на агенциите или владината политика исклучени од програмата;
  • давање услуги на инвеститори кои немаат пристап до официјални агенции за осигурување од политички ризик.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Официјално мрежно место на МИГА (пристапено 19.02.2019)
  2. Алекса Милојевић, Основи економије, Економски факултет, Српско Сарајево, 2002, стр. 9.