Л’хаул’ен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Л’хаул’ен
ǂKxʼauǁʼein
Застапен воНамибија, Боцвана
Говорници7.000  (2006)[1]
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-3aue

Л’хаул’ен (изв. ǂKxʼauǁʼein) — југоисточно наречје на дијалектниот континуум к’хунг (ǃKung) што се говори во Боцвана (селата Гротелагте, Канагас и Ганзи во Ганзи и на ) и во Намибија (Округ Гобабис, Овамболенд и Екока од околу 7.000 луѓе. Во Боцвана, највеќето говорници владејат уште еден јазик (наро или цвана).[2]

Во разни извори, името на јазикот се пишува на повеќе различни начини: ǁAuǁei, ǁX’auǁ’e, и Auen. Еноними се: Juǀʼhoan (жуц’оан), ǃXuun, и ǂXʼāōǁʼàèn (последното значи „северен народ“). Наречен е и гобабис к’хунг (Gobabis ǃKung) и „каукау“ (Kaukau) или „коко“ (Koko).

Посебните знаци што се користат во јазикот означуваат разни чкрапави согласки.[3]

Од линвгистички аспект, податоците за ова наречје се доста ограничени бидејќи е незадоволително документирано во писмен облик.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Л’хаул’ен - Ethnologue (XVI изд, 2009)
  2. Л’хаул’ен - Ethnologue (англиски)
  3. Чкрапавите гласови се предаваат на македонски со соодветна буква и апостроф, согласно правилото.

Поврзано[уреди | уреди извор]