Луј де Рувроа, војвода од Сен-Симон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Луј де Руврoа, војвода од Сен Симон
Портрет на Луј де Сен-Симон, се припишува на Јасинт Риго (Музеј во Шартр)
Роден/аЛуј де Руврoа, (Видам од Шартр)
16 јануари 1675
Париз, монархистичка Франција
Починат/а2 март 1755 (на 80 години)
Париз, монархистичка Франција
Занимањеписател
НародностФранцузин
Жанрмемоари
Предметдворот на Луј 14

Луј де Рувроа, војвода од Сен-Симон, роден во Париз, на 16 јануари 1675 година, починат на 2 март 1755 година, припадник на француското благородништво, прочуен по своите Мемоари'’ во кои го опишува животот на дворот во времето на Луј 14 и на регентството. Син е на Клод Рувроа, војвода Сен-Симон за кого било создадено војводство во времето на Луј 13,во 1635 година[1], и за неговата втора жена Шарлота од Л’Обеспин.

Животопис[уреди | уреди извор]

Младост[уреди | уреди извор]

Син единец на Клод Рувроа, војвода Сен-Симон и неговата втра жена Шарлота од Л’Обеспин, роден е ноќта меѓу 15 и 16 јануари 1675 година. Уште во младоста добива титула видам од Шартр[2], од мајка си е строго и грижливо одгледан и воспитан да го почитува споменот на Луј XIII или Луј Праведниот. Тој се спријателува со војводата од Шартр, идниот регент. Друга личност која игра голема улога во неговиот живот е Рансе, опат на оптијата Ла Трап, кој на Сен-Симон ќе му биде ментор по прашањата на религијата. Младото момче се занимава особено за историјата, сака да чита мемоари кои ќе го « поттикнат да го опише тоа што го гледа сè со желба и надеж најдобро што може да го сфати времето во кое живее. »

Не ги запоставува ни физичките вежби, јавањето и мечувањето, и покажува желба да служи во армијата. Во 1691 година, кога има 16 години, татко му, кој е веќе стар (86 години) и се сместува во еден скромен дом во Версај, успева да го воведе меѓу сивите мускетари: му го претставуваат на Луј XIV со посредство на кралскиот хирург Марешал, пријател на Клод де Рувроа, кралот прифаќа младото момче да служи во војска. Тој служи како командант на баталјон во 1692 година при Опсадата на Намур, а во 1693 година и во Битката кај Нервинден. По извесно време, Луј XIV му ја доделува третата коњичка чета од региментата Ројал-Русијон[3].

Полнолетство[уреди | уреди извор]

Почетоците на дворот[уреди | уреди извор]

Во април во 1693 година, неговиот татко умира и тој станува војвода и пер на осумнаесет години. Набргу потоа, Луј го купува полкот Ројал-Карабиниер и станува заповедник на кампот. Неговите воени должности се во втор план во однос на обврските како пер. Сен-Симон сериозно го сфаќа својот нов ранг и наскоро почнува судење против маршал-војвода од Луксембур, кој сака да го смени својот ранг меѓу перовите. Toj e против « меѓуранговите » што им се доделуваат на вонбрачните деца на Луј XIV (војводата од Мен и гроф од Тулуза), и смета дека тие не може да бидат рамноправни со принцовите со кралска крв.

Своите идни Мемоари пчнува да ги пишува во јули 1694 година, но почнува да ги уредува од 1739 година[3].

Во 1695 година се жени со Мари-Габриеал Дурфор од Лорж, најстарата ќерка на маршалот-војвода од Лорж под чија команда е за време на походите на Рајна; нејзината мајка, родена Фремон, потекнува од богата фамилија. Бракот е цврст и иако е договорен, што е вообичаено за тоа време, е многу среќен. На 8 септември 1696 година им се раѓа ќерката Шарлота. Девојчето е заостанато и родителите цел живот ќе се грижат за неа. Потоа се раѓаат двата сина на Сен-Симон, Жак-Луј на 29 мај 1698 година и Арман на 12 август 1699 година. Децата се поситни и од таткото, толку ситни што другите ги викаат « кускулиња », а тоа му паѓа тешко на Сен-Симон. Изгледа дека синовите се интелектуално сјајни колку што се и физички, и згора на сѐ, не ја наследуваат чесноста на својот татко. Сен-Симон е свесен за тоа и речиси не ги спомнува децата во своите Мемоари, освен синовите за кои успева да издејствува да го добијат орденот Златно руно и титулата шпански грандеца и кога неговата ќерка станува принцеза од Шими.

Во 1697 година, води експедиција во Алзас под команда на маршал од Шоазелl. Тоа е неговиот последен престој во армијата : сѐ потешко му паѓа должноста да мине два месеца со својот полк. Освен тоа,неговиот полк е прегрупиран. Тој е заповедник на камп под команда на обичен благородник.

Во 1699 година, е зафатен со своите Мемоари и се советува со Рансе како да работи[4]. Рансе го поттикнува да ги документира мемоарите а не да им се препушта на своите емоции. Можно е дека од тој датум Сен-Симон прави документарни досиеја дополнети со лични белешки. Тие досиеја на кои им додава и разни случки, на кои се сеќава, се основата на неговите Мемоари што ги пишува по четириесет години.

На 12 август се раѓа неговиот втор син Арман-Жан, кој подоцна станува маркиз од Рифек. Во 1702 година, кога го запоставува полкот за сметка на животот на дворот, Луј забележува дека се унапредуваат офицери кои имаат помал стаж од него. Меѓу нив е гроф од Ајан, идниот војвода од Ноај, кои ќе му биде лут непријател на војводата во текот на целиот живот. По настанот што го смета за очигледна навреда, Сен-Симон ја напушта војската изговарајќи се дека причина за тоа е здравствената состојба. Луј XIV долго време ќе му се лути поради напуштањето на војската, а Сен-Симон потоа станува добар дворјанин на Версај.

Во Версај[уреди | уреди извор]

Во 1702 година, добива апартман за себе и за жена си во дворецот Версај : го добива некогашниот апартман на маршалот од Лорж кој се наоќа во северното крило. Ќе го користи до 1709 година. На тој начин, тој е во центарот на случувањата на дворот што верно ги опишува во своите Мемоари. Во 1706 година, неговото име е предложено за местото амбасадор во Рим, да го замени кардинал од Жансон. Но, во последен момент, Луј XIV решава да го прати крдинал од Ла Трамуј.

Во 1709 година, го губи сместувањето. Пончартрен му дава друго, на вториот кат, во десното крило на министрите, и во 1710 година, Сен-Симон − кога неговата сопруга е именувана за почесна дама на војвотката од Бери − добива голем апартман што порано ѝ бил доделен на грофицата Сфорца и на војвотката од Антен. Новиот апартман има и кујна и тоа му овозможува на Сен-Симон да приредува закуски и вечери што му овозможува да ги збогати Мемоарите.

1711 : Смртта на монсињорот[уреди | уреди извор]

Во 1711 година, умира монсињорот, (1661-1711) син на Луј XIV. Сен-Симон е приврзаник и пријател со неговиот син, војводата од Бургундија, кој според наследното право, станува прв наследник. Објавата за смртта на великиот дофен и она што се случува во палатата во Медон, ноќта кога тој умира, е една од прочуените страници во мемоарите

1712 : Смртта на војводата од Бургундија[уреди | уреди извор]

Сен-Симон секогаш го поддржува војводата од Бургундија и се надева дека војводата ќе дојде на власт. Работи на многу проекти за владеење, во мемоарите го опишува новиот дофен, кај кого закажува приватни средби на кои се разговара за многу прашања. Ако може да му веруваме на Сен-Симон, идниот крал се согласува со сите негови ставови.

Сен-Симон сонува за помалку апсолутна монархија, но не е за егалитаризам, туку се залага на строго хиерархизираното благородништво да му се даде поголема политичка улога. Неговите записи, потпишани или не, се шират на дворот и тој станува некој.

Политичката мисла на Сен-Симон се заснова на улогата што тој ја дава на група перови на Франција, на која и тој самиот ѝ припаѓа. За него, таа група која го претставува највисокото благородништво односно француското општество, треба да има функција да го советува кралот. Министерскиот систем, започнат уште во времето на Анри IV и особено наметнат во времето на Луј, ги предизвикува сите зла бидејќи го заменува « советничкото владеење » на кралот и на благородниците, за кое сонува Сен-Симон, со « извршно владеење » во кое кралот решава сам и преку своите министри и државни секретари им дава наредби, « на безначајни луѓе »,на обични луѓе или на новонастанатите благородници. roturiers ou de fraîche noblesse.

Но во 1712, умираат војводата од Бургундија неговата сопруга и нивниот најстар син. Сен-Симон е скршен. Очајот го тера да се спротивстави на кралот чие владеење трае долго време. Тој пишува анонимно писмо надмено и со моќни изрази. Не е сигурно дека Луј XIV го прочитал, но состојбата на Сен-Симон во Версај станува неизвесна (самиот зборува за својата « слаба безбедност » на дворот). Тој не го вклучува тоа писмо во мемоарите.

Истовремено, продолжува да се расправа и да се лути поради незаконските деца на кралот, против војводата од Мен кој се вбројува во кралските наследници зашто со едиктот од 1714 година, незаконските деца на кралот стануваат « легитимни синови на Франција ».

Регентство[уреди | уреди извор]

Регентскиот совет и амбасадата во Шпанија[уреди | уреди извор]

Во септември 1715 година умира Луј XIV. војводата од Орлеан, пријател на Сен-Симон уште од детство, станува регент. За Сен-Симон тоа е момент за да ги наметне своите политички теории. Како член на Регентскиот совет, тој е во самиот врв на државата и се залага за системот на полисинодија според кој во државата место министри треба да се воведат совети во кој ќе преовладува аристократијата. Спорд него, само таквата улога е достојна за еден пер на Франција кој треба да го советува кралот а не некој функионер. Затоа, одбива да претседава со финансискиот совет и тоа место му го доверува на својот лут непријател, на војводата од Ноај.

За возврат, ги добива најпрестижните почести на дворотEn revanche, il obtient et accepte les honneurs les plus prestigieux de la cour : посебна одора и влез кај кралот. Добива и Крст на Сен-Луј, секако доделуван само на војници и потребен за натаму да го добие орденот на Сент-Еспри. Чесноста не го спреќува Сен-Симон да го искористи доаѓањето на власт за да ја реши тешата финансиска состојба на своето емејство.

Своето повредено достоинство го лекува со учество во отповикувањето на незаконските деца на кралот од наследувањето на круната. Успева да му ја одземе на војводата од Мен должноста да го воспитува кралот Луј XV, и да му го одземе рангот принц по крв што што го добил на « кралската маса на правдата » на 26 август во 1718 година.

Замокот Ферте-Видам од Луј-Никола ван Бларенберг, 1750
(Музеј на уметноста, Бостон)

По овие политички постапки, сѐ повеќе е заменет од кардинал Дибуа, поранешен воспитувач на регентот и иден премиер. Филип Орлеански и натаму е пријател и во 1719 година му го дава замокот Медон, што е посебна чест, и му предлага повеќе места што Сен-Симон ги одбива со различни иззговори. Во 1721 година, се согласува да биде вонреден амбасадор во Шпанија, земја што ја обожува, со цел да го ожени Луј XV со една шпанска инфантка, и оваа златна епизода од која ќе добие титула шпански гранде е неговата лебедова песна : кога ќе се врати во 1722 година, Дибуа ќе биде именуван за премиер. Во 1723 година, со смртта на регентот нема пристап до власта и со загубата на својот последен пријател, конечно се оддалечува од дворот.

Повлекување[уреди | уреди извор]

Сен-Симон се повлекува во својот замок Ферте-Видам, води живот на селски благородник, вистински се грижи за животните услови на своите селани и се обидува да ги модернизира нивните техники. Станува ковачки мајстор. Се посветува на пишување историско-генеалошки осврти. Го чита Дневник на Данжо и од 1739 година прави забелешки што ги собира и уредува во Мемоари во кои спомнува голем број личности (7854). Во 1749 година, кога живее меѓу својот замок Ферте-Видам и на број 218 на булевар Сен-Жермен во Париз, го завршува нивното уредување и прекинува по смртта на регентот во 1723 година. Го посетуваат значајни личности, меѓу кои и филозофот Монтескје, кој пак смета дека разговорот со стариот војвода и пер е „ чудесен “[3].

По смртта на сопругата во 1743 година, најверојатно од грип, го прекинува уредувањето на мемоарите во време од шест месеци. Во нејзина чест го преуредува својот апартман, работниот кабинет го обојува во црно, креветот во сиво (бојаа на пепел). Во тестаментот бара нивните сандаци да се закопаат во семејната гробница[5]. Смртта на синовите, што се случува едноподруго (Жак-Луј во 1746, и Арман во 1754 година), уште повеќе го растажува и го остава без потомци. Тој и натаму пишува политички мемоари и води добра преписка со членови на владата и на дворот. Умира во 1755 година.

Мемоари, дело за еден живот[уреди | уреди извор]

Најважното дело на Сен-Симон, Мемоари не било објавено шеесет години и во тој период немало кој да влијае врзз него. Сите ракописи (писма, белешки, сеќавања во вкупно 162 папки од телешка кожа и со грбот на војводата) со тестаментот се оставени на неговиот роднина бискупот од Мец и во јули 1755 година, поради тешкотиите со ликвидирањето на наследувањето (судења со голем број доверители), се дадени на чување кај парискиот нотар Делале, сѐ до 26 декември 1760 година, датум кога ракописите, по наредба на кралот, се предадени на еден помошник од Министерство за надворешни работи на Франција за да бидат пренесени во Архивот на министерството. Државниот секретар за војна војвода од Шоазел преговара со маршалката од Монморанси, сестра на бискупот од Мец и наследничка на оставнината, за да ја предаде архивата поради тоа што има дипломатска вредност зашто Сен-Симон е литерат но бил и амбасадор во Шпанија. Војводата од Шоазел прави копија од Мемоари во Шантлу. Првото скратено издание[6] е направено од издавачот Жан-Луј Жиро-Сулави во 1788 година[7]. Внукот од внук на војводата, генерал и маркиз од Сен-Симон, ги бара од кралот [[Луј 18] во 1819 година ракописите на својот дедо и добива единаесет папки (кои одговараат на 172 тетратки со 2854 страници ракопис од Мемоари) и го започнува објавувањето : првото веродостојно издание излегува кај Огист Сотле во 1829 година, а првото големо издание на сите томови ка издавачот [Adolphe Chéruel|Адолф Шериел]], во 1858 година, а потоа следат изданијата на Боаслил од 1879 до 1930 година. Овие изданија го прославуваат Сен-Симон на сметка на кардинал Рец во пантеонот на меморијалистите и го прогласуваат за најголем историски извор за владеењето на Луј XIV[8].

Тој ист генерал Сен-Симон во 1860 година му го продава ракописот од мемоарите на печатарот Лаир кој ги отстапува на изадавчката куќа Ашет, која ѝ ги подарува на Националната библиотека на Франција во 1926 година[7].

Ракопис од „Мемоари“ на војводата од Сен-Симон, Националната библиотека на Франција(БНФ)

Модел во историјата на литературата[уреди | уреди извор]

Сен-Симон ја стекнува титулата на вистински писател. Има многу љубители на неговата проза меѓу франкофонските автори: тој е еден од ретките меморијалисти што ечитан поради стилот. Но, самиот Сен-Симон признава „Не се фалам дека пишувам убаво.“ Од академско гледиште, добро вели. Неговата граматика не е најправилна, речникот му е архаичен и задржан на првиот дел од владеењето на Луј XIV.

Но, токму во тоа е оригиналноста на Сен-Симон: тој не се стега. Кај него реленицата понекогаш потскокнува, или е пресечена и жестока, цела во еклипси или пак се чини дека, како кај Пруст, сака да ги опфати сите страни на некое прашање и се гаси само кога сижето е исцрпено. Сен-Симон понекогаш го испушта глаголот, натрупува брзи црти како снимка. Така го опишува и Петар Велики кога тој доаѓа во Париз во 1717 година :

„Петар Велики предизвика одушевување со својата извонредна љубопитност секогаш раководена од неговите ставови за управувањето, трговијата, образованието и полицијата; таа љубопитност опфаќаше сѐ, не презираше ништо и во најмалата црта имаше последователна, нагласена, научна корисност и го ценеше само она што навистина вредеше да се цени, а во тоа блескаше со интелигенцијата, праведноста и со живоста на својот дух. Во него се гледаше големата широчина на просветлувањето и неговата истрајна доследност. Во себе ја имаше на еден изненадувачки начин највозвишената, најгорда, најчувствителна и најнепопустлива величественост која истовремено беше и најпријатна зашто ја покажуваше со сета своја сигурност и со учтивост што се чувствуваше секогаш и со сите, насекаде се однесуваше како господар, но тоа го одмеруваше според личностите. Имаше во себе некаква фамилијарност која доаѓаше од неговото слободно однесување; но, не беше ослободен од јаките отпечатоци на она прастаро варварство на својата земја што на неговото држење му даваше отсечност дури и наглост, а на неговата волја несигурност, и не поднесуваше ни да го силат за нешто, ни да му противречат. Кога седеше на маса, не беше сѐ најотмено, а уште помалку тоа што следуваше потоа, најчесто со право на неприкриена смелост на крал кој насекаде се чувствува како дома, бараше да се изврши тоа што тој решил да го стори или да го види без оглед на можностите што требаше да се создадат според неговата желба и неговиот збор.“[9]

Тој е и добар раскажувач кој јасно и лесно раскажува сложени приказни и умее да ги одреди ефектите и недореченостите, претворајќи некоја безначајна анегдота во вистинска комедија. Сен-Симон се разликува и по жестокоста на јазикот. Лесно пламнува, опасно навредува со изострено перо. Ретко кој ја има неговата милост. „Сен-Симон во секој човек од дворот го открива лудиот што никој не сака да го види во себе“, објаснува Клод Арно во еден број на Магазин Литерер посветен на Сен-Симон[10]. На читателот му дава понекогаш неправедна, секако добра слика на дворот на Луј XIV.

Неговото дело не е воедначено. Има антологиски пасуси (портрети на луѓе што починале, едиктот од Нант, ноќта кога починал Луј XIV) кои се спротивност на „тунелите“ на кои модерниот читател не е чувствителен: на пример, долгите објаснувања на хиерархијата во кралството. Сен-Симон не пишува само за да го наслика своето време туку и за да ги објасни своите политики идеи. Историчарите често сметаат дека тој претерува во однос на значењето на сопствената улога во политичките настани во периодот од 1710 до 1723 година. Во неговото дело не се секогаш наведени изворите. Сен-Симон обилно го користи дневникот на Данжо за дворските анегдоти и секогаш ги наведува само за да го критикува дворот кога ќе забележи некоја неправилност. Исто така, за меѓународните настани се потпира и на дневникот на Торси.

После Сен-Симон[уреди | уреди извор]

Многу познати француски писателиб се под големо влијание на делото на Сен-Симон:Балзак, Стендал и Пруст.

Стендал ги запознал Мемоари од одломките објавени меѓу 1781 и 1819 година, кога наследниците не ги поседувале ракописите и не го авторизирале првото издание од 1829 година, комплетирано и мошне подобрено. Вчудовиден од Мемоарите, тој придава многу „модерни“ литерарни постапки на војводата иако е тој познат по своите архаизми, особено во субјективнот опишување кое се состои во описот на некоја сцена преку детали кои се однесуваат само на една личност. Во Пармскиот картузијнски манастир од Стендал, описите на дворските сплетки и потретите на голем број споредни ликови се јасно поттикнати од Сен-Симон што понекогаш го цитира.

Марсел Пруст бил голем љубител на меморијалистот за кој има напишано и долг и добар пастиш (Пастиши и мешавини, во 1919 година). И во Во потрага по загуубеното време аристократските салони од почетокот на 20 век се должат на монденските сеќавања на Пруст, но и на сцените од дворот на Луј XIV што ги читал кај Сен-Симон, многу често цитирани во романот, особено во пасусите каде што се појавува ликот на баронот барон Шарлус. Пруст се обидел во тие пасуси да создаде начин на изразување што Сен-Симон го нарекува, но не дава примери за тоа, „духот Мортемар “, според името на позната благородничка фамилија на која ѝ припаѓа маркизата од Монтеспан : „ [...] со природна речовитост, со точност на изразувањето, со посебен избор на зборовите кои како да извираа и секогаш изненадуваа, со оној посебен израз на госпоѓата Монтеспан и на нејзините сестри кои преминуваат само на оние што ѝ се блиски или што ги воспитала таа.“ (Карактерот на госпоѓата војвотката од Орлеан[11]). Пруст се обидел да го покаже тој дух преку ликот на војвотката Германт, но не бил најзадоволен од резултатот. На некој необичен начин, Пруст бил одушевен од успехот на литераарниот проект на Сен-Симон кој со своето пишување оживува еден свет кој исчезнал прна ед триесет години: како и војводата-меморијалист, и раскажувачот на Во потрага сфаќа доцна дека и разочарувањата од животот и извесноста на смртта може да бидат пренесени во литераурата.

Создадена е награда Сен-Симон. Основана е по повод тристоттата годишнина од раѓањето на војводата од Сен-Симон (1675-1755) под покровителство на градот Ферте-Видам, каде што живеел писателот, на Главниот совет на Ер и Лоара и на Здружението на пријателите на Ферте-Видам, со учество и на Друштвото Сен-Симон[12].

Историски видувања[уреди | уреди извор]

Историјата според Сен-Симон[уреди | уреди извор]

Сен-Симон има своја историска цел. Тој го објаснува тоа во својот вовед кој потсетува на предговорот на Од основањето на градот (Ab Urbe condita) од Тит Ливиј. Уште на почетокот потсетува дека историјата е „препорачано учење“ што го практикувале светците и уште повеќе Светиот Дух. Опстојувајќи на фактот дека читањето и пишувањето историја, кога си христијанин Сен-Симон живо се спротивставува опскурантизмот : нема место за да се премолчат грешките и пороците на претходниците во име на милоста. Тој заклучува дека историја не е против милоста туку може само да ѝ служи.

Војводата потоа одредува каква треба да биде историјата,а тоа значи не само да ги набројува настаните, туку да наведе и „како и од кои причини настанале, потоа, како опстојувале и врските меѓу нив“. И според него, тоа не е можно ако не се раскаже и историјата на глумците, нивната личност, тоа што ги поттикнува и нивните меѓусебни врски? А кој друг може да ја опише подобро историјата од оној што самиот ја доживеал?

„Да се пишува историјата на својата земја и на своето време значи да се сфати нејзиниот дух рамзилсуваќи за сѐ што си видел, раководел или дознал изворно и без префрлање, за она што се случило на светската сцена, за разните механизми кои најчесто не се видливи, но кои ги пренесле изворите на настаните што имале најмногу последици и од кои произлегле други настани.|Сен-Симон, Вовед во Мемоари, „Ако е допуштено да се пишува историјата“[13].

Сето тоа ја покажува, според Сен-Симон, суетата на животот и ништожноста на славољубието. Историјата исполнува морална цел, дури подобро и од книгите за моралот, таа остава поголем белег врз читателот : „Затоа што примаат [читателите] мислења и совети од ликовите со секоја цртичка на перото, а со раскажувањето за секој настан или движење што го предизикале.“ Всушност, историјата главно зборува за луѓе кои се умрени и може да си дозволи да биде вистинита и притоа никого да не го зачуди.

Цитати[уреди | уреди извор]

  • Одломки од Мемоари од Сен-Симон

Карактерот на принц од Конти :

„Тој човек толку кроток, толку мил, толку пријатен, не сакаше ништо. Тој имаше пријатели и ги сакаше како што се сака мебелот.“[14].

Портрет на принцезата од Аркур :

„Беше многу убава и дарежлива; иако не сакаше да старее, милозливоста и убавината се свртеа против неа. Стана крупна и дебела жена што се движи, надуена и со дебели и прости усни, со разбушавена коса што ѕиркаше и се тегнеше како што се тегнеше и целата нејзина облека, валкана и нечиста; секогаш како лајкучка, сплеткарка, вообразена, претприемчива; секогаш кавгаџика и снисходлива доземи, или пак вивната до виножито, во зависност од тоа со кого има работа. Беше русокоса и стануваше сѐ поголема караконџула: беше дрска, пакосна, итра, насилна; беше скржава и ненаситна; беше лакома и подготвена да попушти, тие кај кои одеше на вечера беа очајни затоа што не се откажуваше од своите удобности кога стануваше од масата, многу често немаше време и не можеше да се воздржи, та го валкаше патот кај што минуваше што многупати ја праќаа по ѓаволите луѓето на госпоѓата ди Мен и на Великиот Господин[15].“

Карактерот на Луј XIV :

„Беше принц на кој не може да му се оспори добрината, а ни величината, при што не може да се запостави ни доброто ни лошото, кај кој не можеше да се одреди што е негово а што е позајмено, и во едниот и во другиот случај беше како лошо информираните писатели, кај него беше тешко да се погоди колку луѓе го запознале самите или од искуство и колку можеле да пишуваат за тоа, зашто беше нивни господар за да може да говорат за него без омраза или без ласкање и да ја кажат голата вистина за него и за доброто и за лошото[16].“

Моливот на Версајскиот двор, по објавувањето на рангот што им се доделува на децата на војводата од Мен, незаконскиот син на кралот :

„За сите други тоа значеше уништување на дворот, навикнат на секаков јарем, и значеше дека секој треба да го надмине другиот во ласкањата и во подлостите[17].“

Планови за владеењето за војводата од Бургундија : „Имав толку планови што имаше години кога ги запишував на хартија, повеќе за да си ја олеснам душата и да потврдам самиот на себе дека се корисни и возможни, отколку само да се надевам дека не може ништо да успее[18].“

Еден човек со финансискиот систем портрет на финансиерот Ло и на јавните финансии.

„Но, Ло имаше систем и тоа толку разработен што не можеше да се сфати, иако природно зборуваше јасно и беше речовит, иако во неговиот франуски имаше многу од англискиот јазик. (...) Размислуваше како Англичанец и не знаеше колку на трговијата и на сите установи ѝ се спротивставени леснотијата на нацијата, нејзиното неискуство, алчноста да се збогати брзо, неволјите се едно деспотско владеење, што става рака на сѐ, каде што сѐ што ќе направи еден министер ќе биде уништено или изменето од тој што ќе дојде по него[19]

Пример на реченица без глагол – болката на кралот по смртта на синот :

„За кралот, човек што не пушта солза лесно, шт тешко се натажуваше, брзо соземање во својата совршено природна состојба[20].“

Пример за краток стил – размена во војводата од Бовилие : „Доброто и цврсто говорење необично многу го иаплаши војводата од Бовилие: ми кажа колку што можеше; а јас молчев.Така се разделивме[21].“

  • Разни текстови

Сен-Симон обвинува - третиот сталеж е претставен кај кралот (1712) :

„Третиот сталеж, во развој и претставен кај неколку приватни лица кои се богатат со помош на министерството или на друг начин, паѓа во иста ништожност како благородништвото и клерот. Разните судии кои се појавуваат бучно во незгодно време, не ги задоволуваат магистратите на Стариот Рим според својата доктрина и интегритет, тие столбови на државата со своите дела, со својата постојана посветенсс, со својата длабокоумност, по својот дух. Тие денес, навикнати на сегашните обичаи, задоволни што знаат да ги водат судењата, се снаоѓаат како знаат и умеат, често повлеувајќи со семе многу млади луѓе и новаци кои победуваат бидејќи се мнозинство. Дисциплината, проучувањето, сериозноста не се вообичаени дарби; точно ако се каже дека дека богатите се посветени на тоа како да ги задржат своите добра, а бедните како да се збогатат или да преживеат, судството се наоѓа во истата бездна во која тонат клерот и благородништвото. Остатокот од третиот сталеж, тие што се подолу, кои ја претставуваат буржоазијата, бедата, простотијата сите се без воспитување и без образование и преживуваат од ден на ден со тешка работа[22].“

Духот што вене од празнотија (1737) – кон Мемоари... и во потрага на загубеното време :

„Слободното време што следувало по бројните и постојани обврски во сите периоди од живото, создава голема празнина што не се поднесува и не се пополнува. Во такви услови, досадата опфаќа, посветеноста станува одбивна. Презир кон задоволства. Таквата состојба не може да трае долго време; на крајот се обидува да ја надмине. Нешто што најмалку потсетува на она што е оставено и што внесува некаква лесна посветност кон разонодата, тоа е она што најмногу одговара. Површните истражувања на датумите и фактите што одеднаш се појавуваат во книгите и други факти што се изворно видени или осознаени, тоа заслужува да биде спасено од заборавот. Умот лебдее извесно време и не може да се приземји/запре од потребата да го нахраниме со нешто зашто е навикнат и тоа надвладува над општата одвратност; кога првите теми слабеат така како што се оддалечуваат, тој го зграпчува првото нешто што му се појавува пред очи. Болниот ја одбива храната и не сака да ја проба, одбива сѐ и се тетерави со мака. Умот ослабува од празнотија, ги памети предметите што ги гледа пред да се препушти на досадата [23].“

Литерарни видувања[уреди | уреди извор]

Како Сен-Симон ги гледа своите современици[уреди | уреди извор]

Војводата од Сен-Симон многу би се изненадил кога би му рекле дека пред сѐ е „писател“. Меѓутоа, не пропуштил да се сретне со некои познати личности од француската литература и во Мемоари има интересни портрети за повеќето од нив.

Мадам де Севиње – војводата Сен-Симон бил „меѓу добрите пријатели на младиот мариз од Грињан, нејзиниот внук“ :

„Таа жена, што својата пријатност, природната милозливост и кроткоста на духот, во текот на разговорите, им ги даваше на тие што ги немаа, беше ислучитлно добра и знаеше секакви работи, а не сакаше да покаже дека знае нешто[24].“

Боало за кого Сен-Симон жали:

„Во тоа време [1711] умре Боало-Депрео толку прочуен по својот дух, своите дела и особено по своите сатири. Може да се рече дека што и да напишеш, особено во последниот жанр, беше меѓу најдобрите на светот. Беше задолжен да пишува историја за кралот: изгледа воопшто не работел на тоа[25].“

Расин – неговата кобна разонода :

„За жал, тој беше тема за голема разонода. Една вечер, кога со Кралот бил кај госпоѓа Ментенон, се повел разговор за театрите во Париз. Откако ја исцрпиле темата за операта, се свртеле на комедијата. Кралот се распрашал за пиесите и за глумците, потоа го прашал Расин зошто, како што слушнал, театарот многу опаднал во споредба со тоа каков бил порано. Расин му навел повеќе причини и заклучил дека, според негово мислење, причините се во тоа што нема добри автори и нови добри пиеси, глумците ги играат старите, меѓу другите и пиесите од Скарон кои не вределе ништо и го одвраќале целиот свет. На тие зборови кутрата вдовица поцрвенела, не поради тоа што бил нападнат угледот на Скарон, туку зашто било спомнато неговото име пред Кралот. На Кралот му станало непријатно, наеднаш настанала тишина која го разбудила несреќниот Расин кој го насетил бунарот во кој можела да го турне неговата расеаност. Од сите тројца тој бил најзбунет и веќе не се осмелил ни да го крене погледот ни да отвори уста. Тишината траела долго време, толку било изненадувањето длабоко и грубо. На крајот, Кралот го испратил Расин под изговор дека треба да работи.[26].“

Како го гледале Сен-Симон[уреди | уреди извор]

Госпоѓа Дефан - при првото читање на Мемоари, 1770година :

„По вчерата ги читавме Мемоари од господин Сен-Симон и не може а да не зажалите; ќе почувствувавте неописливо задоволство... иако стилот е одвратен, портертите лоши, авторот воопшто не е човек со дух[27].“

Шатобријан :

„Сен-Симон пишувал врашки за бесмртност[28].

Стендал :

„Единственото мое задоволство беа Шекспир и Мемоари од Сен-Симон, што тогаш беа во седум тома, а подоцна ги купив во дванаесет тома, со карактери како Баскервил, со страст која траеше колку што дејствува спанаќот на телото. ...[29]

Мишле :

„Од Данжо и другите можеш лесно да се одбраниш. Тешко е да чекориш право кога покрај тебе имаш господар кој те тегне десно-лево, кој за историјата претставува поткрепа и пречка, нејзин водич и тиранин, како Сен-Симон... Го знам и како јак и како слаб. Пишува многу, најверојатно врз основа на белешките што ги прави истиот ден. Сака да биде веродостоен, сака да биде точен. И често, со најблагороден напор, оди против својата страст[30].“

Грбот на Сен-Симон[уреди | уреди извор]

Семејниот грб на војводата од Сен-Симон

Грб со четири полиња;1 и 4 поле: златни и азурни полиња, горе азурно сино со три златни цвета на лилија (грб на семејството Вермандуа Сен Симон), 2 и 3 поле: сребрен крст со пет школки (грб на семејството Рувроа)[31].

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. [[#CITEREF|]], стр. LXXXI, Chronologie sommaire
  2. [[#CITEREF|]], стр. 19
  3. 3,0 3,1 3,2 Alain Decaux et André Castelot, Dictionnaire d'histoire de France, Perrin, 1981, Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article920 
  4. « Cahiers Saint-Simon », Société Saint-Simon, n°1, p. 13, Lettres à Rancé, 19 janvier 1700
  5. „Saint-Simon à la Ferté-Vidame“. Архивирано од изворникот на 2016-01-17. Посетено на 2015-06-26.
  6. Mémoires de M. le duc de Saint-Simon, ou l'observateur véridique, sur le règne de Louis XV et sur les premières époques des règnes suivants, Londres, 1788 puis devant son succès nombreuses rééditions, dont celle originale, très rare, éditée par Buisson en 1788, 3 volumes in-12
  7. 7,0 7,1 Guy Rooryck, Les Mémoires Du Duc de Saint-Simon, Librairie Droz, 1992, 310Предлошка:Nb p. 
  8. Armand Baschet, Le duc de Saint-Simon, son cabinet et l'historique de ses manuscrits, BiblioBazaar, 2009, 570Предлошка:Nb p. 
  9. Mémoires, ed. Gallimard, 1984, Bibliothèque de La Pléiade, vol.VI, pp.352-353. N.B. : L'accord du participe présent avec son antécédent (« tendante »), qui serait considéré aujourd'hui comme irrégulier, est propre à Saint-Simon.
  10. Claude Arnaud, «Un oeil d'aigle et "le sang aux ongles" », in http://www.magazine-litteraire.com/actualite/saint-simon-assassin-cour-26-12-2011-32852, janvier 2012
  11. Mémoires, ed. Gallimard, 1984, Bibliothèque de la Pléiade, vol.V, p.251
  12. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2015-07-05.
  13. Mémoires, ed. Gallimard, 1984, Bibliothèque de La Pléiade, vol.I, p.15.
  14. Mémoires, ed. Gallimard, 1984, Bibliothèque de la Pléiade, vol.III, p.369
  15. Mémoires, ed. Gallimard, 1984, Bibliothèque de la Pléiade, vol.II, p.271
  16. Mémoires, ed. Gallimard, 1984, Bibliothèque de la Pléiade, vol.V, p.469
  17. Mémoires, ed. Gallimard, 1984, Bibliothèque de la Pléiade, vol.III, p.772
  18. Mémoires, ed. Gallimard, 1984, Bibliothèque de la Pléiade, vol.III, p.381
  19. Mémoires, ed. Gallimard, 1987, Bibliothèque de la Pléiade, vol.VII, p.731
  20. Mémoires, ed. Gallimard, 1984, Bibliothèque de la Pléiade, vol.IV, p.98
  21. Mémoires, ed. Gallimard, 1984, Bibliothèque de la Pléiade, vol.IV, p.535
  22. Lettre anonyme au roi, ed. Gallimard, coll. Folio classique, 1994, Mémoires II, pp.350-351
  23. Préambule aux Notes sur les maisons d'Albret, d'Armagnac et de Chatillon, ed. Gallimard, 1994, coll. Folio classique, Mémoires II, pp.432-433
  24. Mémoires, ed. Gallimard, 1984, Bibliothèque de la Pléiade, vol.I, p.282
  25. Mémoires, ed. Gallimard, 1984, Bibliothèque de la Pléiade, vol.IV, p.40
  26. Mémoires, ed. Gallimard, 1984, Bibliothèque de la Pléiade, vol.I, p.611
  27. Mme du Deffand, Lettres à Horace Walpole, 21 ноември 1770 et 2 décembre 1770
  28. Chateaubriand, Mémoires d'Outre-tombe
  29. Stendhal, Henri Brulard
  30. Michelet, Note 5 du tome XVI de l'histoire de France
  31. Maison de Rouvroy de Saint Simon sur www.francegenweb.fr

Надворешни врски[уреди | уреди извор]